imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Нов iPhone за помалку од еден месец? Можно е!


Во документот кој Apple му го предаде на Евроазискиот стопански сојуз се споменуваат неколку броеви на модели кои не се поврзани ни со еден моментно познат производ. Последен пат кога се случило нешто слично, за помалку од еден месец лансиран е нов iPad. Здраво iPhone SE 2, дали си тоа ти?

Пред претставување на нов производ, Apple мора да задоволи многу правни обврски, кои не се еднакви во сите држави. Не треба да ја жалиме компанијата поради големата бирократија која ја чека – нам овие документи ни се важни бидејќи се извор на многу гласини.

Пред неколку дена, еден таков документ излезе во јавност и откри дека постои златен модел на iPhone X, но дека компанијата одбива да го лансира – наводно поради проблеми во производството. Сега документот адресиран на EGS е виновен за нови спојлери.

Членовите на француската страница Consomac поминаа многу часови читајќи ги овие правни документи, и извлекоа дури 11 досега непознати броеви на модели  (A1920, A1921, A1984, A2097, A2098, A2099, A2101, A2103, A2104, A2105 и A2106).

Со оглед на тоа дека некои верзии на iPhone имаат повеќе броеви модели, не знаеме на колку различни производи се однесуваат овие броеви. Уште помалку знаеме како изгледаат. Наводно се работи за уреди кои ќе бидат лансирани наесен, но постои уште една можност.

Имено, со уредот се врзува моментниот iOS софтвер. Уредите кои ги очекуваме наесен веројатно ќе бидат опремени со iOS 12, pa iOS 11 имплицира надградба. Еднакво како и вака раното предавање на документите. На пример, шестата генерација на iPad, лансирана кон крајот на март, во ситемот е забележана на 19. февруари.

За месец и половина ќе се одржи WWDC. Случајност? Можаби да, но секако се работи за интригантна идеја. Без оглед на тоа колку ваквиот потег е нетипичен за Apple, можно е дека компанијата подготвува изненадување за годинашната конференција на програмери.

Во последно време кружат многу гласини за iPhone SE 2, па би се обложиле дека се работи за тој уред, иако Kuo не се согласува со тоа. Тоа е нашата најдобра претпоставка засега, а вистината ќе ја дознаеме на 4. јуни.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.