imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Објавен iOS 11.2.6 – се препорачува надградба!


Помина отприлика еден месец од објавата на последната верзија на iOS 11, а сега ја имаме и најновата верзија. Му посакуваме добредојде на iOS 11.2.6 кој првенствено ни донесува решенија за бројните проблеми во системот.

За жал, имаше многу проблеми со официјалната верзија на iOS 11 и тоа веднаш по лансирањето. Од проблемите со воспоставување повици до потешкотии со прикажувањето на бројот на повикувачот. Apple во меѓувреме објави многу надградби кои донесоа решенија за сите тие проблеми, а сега ја имаме и верзијата 11.2.6.

Се работи за прилично голема надградба, но како и обично, точната големина на пакетот податоци варира помеѓу 20 и 50 MB, во зависност од уредот.

Apple го вели следното за оваа надградба:

iOS 11.2.6 вклучува решенија на проблемите за вашиот iPhone и iPad. Оваа надградба:

  • го решава проблемот поради кој одредена низа знаци можат да предизвикаат рушење на апликациите;
  • го решава проблемот поради кој некои апликации од надворешни производители можат да имаат потешкотии при поврзувањето со надворешните додатоци.

Навистина со убави зборови ја опишаа оваа надградба. Имено, онаа “одредена низа знаци” е всушност знакот за кој неодамна кружеа гласини, а кој се користи во програмскиот јазик Telug и кој можеше да ги замрзне услугите за размена на пораки на macOS и iOS (да, проблемот не ги заобиколи ни апликациите), што резултираше со смрзнување на целиот уред, а проблемот можеше да се реши единствено со присилно рестартирање. Затоа срдечно се препорачува да го надградите системот – некои шегаџии веќе наоколу почнаа да го испраќаат овој проблематичен знак.

Вашиот уред можете да го надградите преку Settings > General > Software Update. Ако вашиот iPhone или iPad не ја прикажува новата верзија на системот, за тоа е виновна бета верзијата. Избришете ја, па повторно побарајте нова надградба.

Иако оваа надградба не би требало да предизвика губење на податоците, направете си услуга самите на себе и не си играјте со оган. Направете сигурносен бекап на сите податоци од вашиот iPhone и iPad. Сите податоци можете да ги сместите на својата iCloud сметка, или на компјутерот преку iTunes. Доверливите корисници можат да ги направат и двете.

iOS 11.2.6 е достапен за следните уреди: iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, петтата генерација на iPad, iPad Air, iPad Air 2, iPad mini 2, iPad mini 3, iPad mini 4, iPad Pro 9.7″, iPad Pro 12.9″, шестата генерација на iPod touch.

Освен најновата верзија на iOS, tvOS е надграден на верзијата 11.2.6, а watchOS na верзијата 4.2.3. Двете надградби вклучуваат усовршување на перформансите и поправка на грешките. Следната верзија на macOS High Sierra исто така го решава претходно опишаниот проблем.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.