imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Објавен iOS 11.4


Пристигна iOS 11.4, следната официјална надградба на iOS 11, и тоа само еден месец по лансирањето на верзијата 11.3.1 со која беа решени проблемите со замената на екраните на iPhone 8 од трети страни.

Новата надградба донесе мултикорисничка поддршка за AirPlay 2, спарување на HomePod и конечно стартување на функцијата Messages во iCloud. Секако, тука се и вообичаените исправки на грешки.

Големината на новата надградба и помеѓу 250 и 500 MB.

Еве што вели Apple за надградбата:

iOS 11.4 вклучува повеќесобно аудио за AirPlay 2, поддршка за стерео спарување на HomePod и пораки во iCloud. Оваа надградба вклучува и исправки на грешки и унапредувања.

Вашиот уред можете да го надградите преку Settings > General > Software Update. Ако вашиот iPhone или iPad не ја прикажува новата верзија на системот, за тоа е виновна бета верзијата. Избришете ја, па повторно побарајте нова надградба.

Иако оваа надградба не би требало да предизвика губење на податоците, направете си услуга самите на себе и не си играјте со оган. Направете сигурносен бекап на сите податоци од вашиот iPhone и iPad. Сите податоци можете да ги сместите на својата iCloud сметка, или на компјутерот преку iTunes. Доверливите корисници можат да ги направат и двете.

iOS 11.4 е достапен за следните уреди: iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, петтата генерација на iPad, iPad Air, iPad Air 2, iPad mini 2, iPad mini 3, iPad mini 4, iPad Pro 9.7″, iPad Pro 12.9″, шестата генерација на iPod touch.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!