imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Овозможете ги известувањата за зголемениот број отчукувања на срцето на Аpple Watch


Една од најдобрите функции на Apple Watch е надзорот на бројот на отчукувања на срцето. Освен за намената за вежбање, тој може да препознае необични срцеви активности. Да погледнеме како можете да го подесите часовникот да ве известува за тоа!

Најдобрата функција на паметниот часовник на Apple е тоа дека ви помага да останете здрави. Ве мотивира да вежабте и со својот одличен систем на надзор може да открие здравствени проблеми пред тие да станат сериозни. А известувањата за зголемениот број отчукувања на срцето можат да спасат животи.

Apple Watch одвреме навреме го мери вашиот пулс и го зема просекот на најниските и највисоки вредности. Најпрецизните броеви ги добива кога одмарате. Ако измери исклучително висока вредност, ќе ве извести. Тоа може да го спречи изненадниот застој на срцето или едноставно да ве посети да закажете посета на доктор.

За да ги овозможите известувањата за зголемениот број отчукувања на срцето на вашиот Apple Watch, треба да влезете во Watch апликацијата на вашиот iPhone и да побарате Heart Rate. Тука можете да го поставите критичното ниво. За да ја пронајдете брзината која е најсоодветна за вас, ви препорачуваме за тоа да се посоветувате со вашиот доктор.

Напомена: Оваа опција не е достапна за 1. генерација на Apple Watch.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!