imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Овозможете телефонски повици на iPad и Mac


Екосистемот на Apple ви овозможува извршување на повици преку iPad и Mac поврзани на иста WiFi мрежа како вашиот iPhone. Да погледнеме како тоа функционира!

Како дел од идејата на Континуитетот, Apple ни овозможи примање и упатување на телефонските повици на билок кој од уредите. Тоа е прилично кул, посебно ако седите во канцеларија и работите со лаптоп и слушалки во ушите – наместо да посегнувате по телефонот кога некој ве повикува, едноставно можете да одговорите на повикот преку Mac.

Истото вреди за FaceTime апликацијата на iPad. За почеток, морате да обратите внимание на две работи:

  • На двата уреда треба да бидете пријавени на iCloud и FaceTime преку истиот Apple ID.
  • Двата уреда треба да бидат поврзани на истата мрежа и да имаат вклучен Bluetooth.

Ако ги задоволите овие два критериума, треба да ја овозможите опцијата на допуштање повици на други уреди, која можете да ја пронајдете во Поставки > Телефон > Повици на другите уреди. Тука имате и листа на уреди за кои вреди оваа опција.

Следниот чекор е да се овозможи оваа иста функција на другиот уред. Во случајот на iPad, одете на Поставки > FaceTime и таму овозможете ја опцијата Повици од iPhone. Истото вреди и за Mac: отворете ја апликацијата FaceTime, во менито изберете FaceTime > Preferences и вклучете ја опцијата Повици од iPhone.

Напомена: Во истото мени на FaceTime апликацијата можете да овозможите примање на повици преку вашиот телефонски број. Тоа значи дека лесно можете да примате повици и од оние луѓе кои не користат iPhone или некој друг уред на Apple.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.