imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Овој трик за Pages е единствениот што ви треба


Како нас, и вие сигурно сакате да го дознаете овој трик ако редовно ја користите апликацијата на Apple за уредување текст.

Го сакаме Pages. Се работи за добра апликација. Едноставна. Pages е воедно и официјална апликација на Apple, што значи дека е совршено интегрирана во системот. Ако вашата работа не бара професионални решенија за уредување текстови, оваа апликација е се што ви треба.

Толку за воведот – да преминеме на работата. Колку повеќе го користите Pages, толку повеќе кул функции ќе откривате. Веќе ви објаснивме како да изработите сопствени шаблони, автоматски да ја ажурирате содржината за подолги текстови и како да го уредите бројот на страниците. Трикот кој сега ќе ви го претставам можеби ќе се чини неважен во однос на тие работи, но ви гарантирам дека еднакво е корисен.

Кога создавате нов документ, ќе ве дочекаат задедени поставки: фонт Helvetica, големина на букви 11, рамнење од левата страна и зум од 125 проценти. Ако една од овие поставки (можеби и сите) не е по вкус, можете лесно да направите сопствен шаблон, следејќи ги упатствата од споменатиот текст. Сега сигурно мислите дека овој текст е бесмислен бидејќи во него само ве потсетуваме на нешто веќе напишано. Меѓутоа – со опишаниот метод можете да уредите се ОСВЕН зададениот зум од 125 проценти.

Искрено, веќе сум уморен гледајќи во тие ситни знаци. Нема друго освен да го зголемам зумот, и тоа секој пат кога работам во програмата. Можеби само јас сум изнервиран со тоа, бидејќи најмногу време поминувам работејќи во Pages, но навистина е напорно да се подесува зумот на 175 проценти, баш секој пат кога отворам нов документ.

Но, преживував и покрај тој проблем, настојувајќи да ги смирам нервитe. Но, тогаш доживеав „аха” момент и се сетив на едноставно решение – наредба во Terminal. Ова е за сите вас кој страдате како мене! Отворете нов прозорец во Terminal и внесете ја следната наредба:

defaults write -app /Applications/Pages.app TMADefaultViewScale „1.75″

Секако, не морате да ја внесувате вредноста 1,75, туку што вам ви одговара. За 200 проценти запиште 2, за 150% 1.5 итн. Ако сакате да се вратите на основните податоци, внесете 1.25.

И, гледате ли сега?

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!