imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Одвојте ги иконите на Dock


Постојат неколку наредби за различните задачи во врска со Dock на macOS. Ќе ве запознаеме со една која ви овозможува да поставите празни икони на Dock за меѓусебно да ги раздвоите останатите икони.

Dock на macOS има иста функција како Tray на Windows: таму можете да ги пронајдете апликациите кои најчесто ги користите. Меѓутоа, може да ги има навистина многу, од програми за работа со документи, плеери за различни медиумски содржини, програма за уредување слики итн.

Ако сакате да ги одвоите, еве што треба да направите:

  1. Отворете нов прозорец во Terminal.
  2. Внесете ја следната наредба: defaults write com.apple.dock persistent-apps -array-add ‘{tile-data={}; tile-type=”spacer-tile”;}’
  3. Притиснете Enter.
  4. Внесете killall Dock па повторно притиснете Enter.

Ако фрлите око на Dock, ќе видите дека во низата на икони постои празен простор. Оваа “дупка” функционира еднакво како иконите за било која апликација, па користете ја на еднаков начин. Ако сакате да ја поместите на друго место, само повлечете ја, а можете и да ја отстраните со притискање на десното копче на маусот па Remove.

Ако сакате да додадете повеќе такви празни икони, само повторете ја опишаната постапка.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.