Мобилниот оперативен систем на Apple, iOS има многу скриени функции кои ви овозможуваат да се движите низ iPhone-от со брзина на светлината. Еве една корисна функција.
Ви се случува ли често албумот да ви е преполн со фотографии? Управувањето со сите нив не е едноставно. Неодамна ви објаснивме како истовремено можете да изберете повеќе од нив, а сега ќе ви објасниме како веднаш можете да отидете на последните фотографии кои сте ги снимиле.
Можеби сте забележале дека со допирање на горниот дел на екранот во различните iOS апликации можете да се вратите директно на почеток. Истото вреди за Safari и Photos. Но, во оваа вторава апликација можете да ги превртите сите фотографии за да дојдете до оние најновите, бидејќи се на самото дно. Меѓутоа, благодарение на волшебниот гест можете да заштедите време и движења со прстот.

Не е важно дали сте во фотографиите или албум, доволно е два пати да ја притиснете иконата и вашиот iPhone ќе ве одведе директно до крајот на прегледувањето, а со притискање на врвот ќе ве врати на самиот почеток.