imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Одржувајте ги чисти вашите AirPods слушалки


Безжичните слушалки на Apple се едни од нивните најпопуларни производи. Да го погледнеме наједноставниот и најпрофесионален начин за нивно одржување!

Кога беа лансирани, AirPods слушалките беа навистина извонредни во однос на сличните производи на пазарот. Иако технологијата сместена во овој ситен уред не беше најсовремена, неговиот дизајн е многу впечатлив. Ги користиме секој ден и не се плашиме дека ќе ги загубиме. Единдтвен недостаток е дека, како и секој друг уред што константно го користиме, мораме да ги чистиме.

Секако дека никој нема да ве присилува на тоа, но ако ги користите повеќе часовни дневно, со време на секоја слушалка ќе се собере видлив слој на нечистотија. Истото се случува со сите видови слушалки кои се ставаат во уво, па така и со EarPods. Меѓутоа, AirPods се многу поскапи, па веројатно повеќе ќе внимавате на нив. Впрочем, многу е едноставно да ги чистите, само треба да знаете дека сигурно ќе откриете гребнатини и знаци на постојано користење.

Првиот и најосновен алат за чистење на крпата од микрофибер, која сите искусни корисници на технологијата ја имаат дома. Важна е дека ги чува блескавите површини од гребнатини кои можат да настанат при чистењето, а и многу добро функционира во спој со било која течност. Како што кажува името, овој материјал е изработен од ситни делчиња – дури до сто или двеста пати потенки од човечкото влакно – што ги прави идеални за чистење.

Најпрвин внимателно избришете ја кутијата и слушалките. Ако е неопходно, можете да користите и нежно средство за чистење. Многу е важно да не го нанесувате средството директно на уредот – ако дојде до внатрешмните делови, целиот уред може да биде уништен. Само нанесете малку течност на крпата и избришете ги слушалките. Сега доаѓаме до прецизниот дел на процедурата – чистење на деловите кои доаѓаат во допир со внатрешните делови на вашите уши.

Без оглед на тоа колку се грижите за вашата лична хигиена, вашиот ушен восок и мртвите станици на кожата ќе дојдат во допир со вашите уши. Оние кои сакаат ова да извршат беспрекорно им препорачуваме со чачкалица да ги поминат сите споеви, посебно микрофонот и сензорот на близина. Оние кои не сакаат вака да експериментираат можат да користат обично стапче за уши од вата без врв или со навлажнет врв. Кога се добро ќе исчистите, протресете ги слушалките, за сите заостанати нечистотии да излезат надвор.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!