imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Класиката е освежена – B&O PLAY Beolit 17 – Тест


Има едно B&O PLAY издание речиси секој ден – имавме тест за Beoplay H4 пред околу две недели, а веројатно не сакаме да разгалиме никого, велејќи дека исто така го тестираме и H9. Згора на тоа, најновата генерација на поголемите преносни звучници наречени Beoplay 17 се објавени денеска, и веќе имавме можност да го испробаме. Еве ги нашите оценки!

Бевме прилично изненадени кога почнаа да зборуваат за излегување на Beoplay 17, бидејќи се чинеше дека не помина многу време откако беа издадени Beolit 15. Сепак, кога проверивме, моравме да сфатиме дека всушност има две години оттогаш, и B&O PLAY не е како нејзината мајчинска компанија Bang & Olufsen, каде ги произведуваат продуктите користејќи го истиот дизајн со децении.

Сега кога го споменавме Bang & Olufsen, вреди да се каже за потеклото на името Beolit. Beolit 12 издаден во 2002 година не беше прв под ова име од престижниот дански бренд: првиот Beoliт беше Beolit 39 објавен во 1938, кое беше прекрасно десктоп радио направено од винил. Бројните Beolit модели кои го следеа првиот Beolit во изминатите децении беа преносни радија; подоцна серијата која беше прекината во 80-те повторно беше обновена како преносен безжичен саунд систем.

01_beolit_17_test_mega

Однадвор

Во основа можеме да го наречеме дизајнот безвременски класик, бидејќи не е многу променето од оригиналниот Beolit 12, кој беше еден од првите продукти со B&O PLAY логото издаден во 2012. Дизајнерот Сесилија Манц веројатно мислеше на добро познатиот начин, поради што Beolit 17 не е многу поразличен од своите претходници. На некои можеби повеќе ќе им се допадне првата генерација, но ова исто така е прекрасен Beoplay производ.

Говорејќи за дизајнот, има две колор варијанти достапни досега за Beolit 17, посветла (“природна”) и потемна (“камен сива”) боја: ние ја имавме втората и изгледаше многу кул. Во однос на користените метеријали, решетката која го покрива производот повторно е изработена од алуминиум; рачката е направена од кожа полна со зрна и не се лула цело време кога се движите со неа, благодарејќи на асиметричното позиционирање.

Уредот има димензии 23 x 18.9 x 13.9 сантиметри и тежи 2.7 килограми. Практично е истата големина и тежина како и неговиот претходник, иако може да се заколнеме дека Beolit 17 делува полесен. Одделот за каблите го нема повеќе од задната страна – ќе говориме како е возможно тоа понатаму во текстот. Сепак, се чудиме зошто не ја создале целата мрежа од едно парче алуминиум за возврат – тоа ќе беше навистина супер.

02_beolit_17_test_mega

Копчињата за контроли кои овозможуваат директна контрола се наоѓаат на гумената лента на врвот на уредот. Има копче за вклучување и исклучување, копче за Bluetooth спарување, а петтото копче е нов додаток. Тоа се нарекува Connect, и можеме да дојдеме до функциите кои B&O PLAY ги нарекува “интелигентни функции”. Во пракса ова значи дека имаме програмабилно копче на кое може да додадеме било што преку Beoplay апликацијата: на пример може да го овозможиме Siri со едно притискање или да почне да свири претходно креираната плејлиста.

Можете да ја подесите функцијата на копчињата во Beoplay апликацијата – исто така беше потребно да го надградиме уредот за да ја добиеме апликацијата. Во основа ова работи како далечински управувач за слушалки, па можете да ја сопрете или стартувате музиката, или да се движите помеѓу песните. Можете да го користите Beolit 17 како аларм часовник доколку ја подесите аларм функцијата: можете да го запрете алармот и да го подесите Snooze со притискање на копче. За жал, можете да ја наместите само музиката што последна сте ја пуштиле, или два домашни звука, за да ве разбудат. Третата функција го овозможува или оневозможува ToneTouch, и четвртата функција ви помага да продолжите да ја слушате музиката која што последна сте ја слушале на вапиот телефонб. Доколку не ги сакате овие екстравагантни опции на вашиот Beolit 17, можете целосно да ги исклучите.

03_beolit_17_test_mega

Одвнатре

B&O PLAY престана да го користи AirPlay уште со Beoplay 15. Ова не е поинаку и тука, може да се поврземе со овој звучник преку безжична Bluetooth конекција – која да бидеме искрени е попрактична во поглед на преносното решение. Во поглед на стандардите, ова значи Bluetooth 4.2, иако доколку преферираме традиционално решение со кабли, ќе можеме да го користиме стандардниот 3.5 мм порт за слушалки.

Во поглед на тоа што го создава звукот: 14 см долгиот Full-Range драјвер, двата 10 см пасивни бас радијатора и три 4 см високотонци во средина, сместени во таков аранжман, што не е битно под кој агол го слушаме Beoplay 17 – B&О PLAY ова го нарекува True360 омнидиректоријален звук.

Уредот содржи батерија исто како и преносниот звучник. Компанијата никаде не зборува за капацитетот, но тие повторно ветуваат 24 часовно време на свирење. Врз основа на претходното искуство, ова функционира доколку пуштете музика во опсегот на волумен под половина, доколку пуштате музика гласно, побрзо ќе ја загуби моќта.

04_beolit_17_test_mega

Можете да го полните уредот преку USB-C, и тука доаѓа до израз исчезнувањето на одделот за кабли во Beolit 17. Причина за тоа е што имаме надворешен USB-C адаптер за напојување со моќност од 45 вати споен со кабел, наместо кабел и вграден полнач. Beolit 17 користи целосно стандарден метод на полнење, иако не е толку проширен. Навистина е практичен доколку го имате новиот MacBook Pro, бидејќи може да го полните со таков полнач, па дури и да се поврзете со лаптопот. USB-C е двонасочен и можете да го користите Beolit како надворешна батерија, но само доколку ова поврзување работи за вашиот уред или имате адаптер.

Уште повеќе, доколку MacBook Pro не е вклучен, Beolit може да почне да го полни, иако нема да има доволно моќ да го наполни до крај или да го одржи на ниво, но вашиот лаптоп нема така брзо да ја загуби моќта. (Тие се уште не можеа да создадат одличен LED пулс, имавме сегмент за тоа во Beoplay A2 Active тест.)

Квалитет на звук

Beolit никогаш немал потреба да се засрами од својот квалитет за звук: ова не е поразлично ни во случајот со Beolit 17. Звучникот создава скоро перфектен звук од 360 степени благодарејќи на гореспоменатиот True360, иако се уште може да забележите разлики кога стоите од задната страна на уредот, бидејќи драјверот од 14 см се наоѓа однапред, и покрај тоа што ова создава само бас звуци. B&O PLAY става беџ со “Bang & Olufsen потпис на звукот” на овој уред исто како што стави и на Beoplay H4, што значи дека треба да очекувате прекрасни и балансирани звучни пејзажи без било какви претерувања.

05_beolit_17_test_mega

Ова е повеќе или помалку вистина, иако не забележавме големи разлики меѓу Beolit 17 и Beolit 15. Данските инжинери сигурно работеле на тоа, но не мислиме дека звучеше толку подобро – што воопшто не е критика, бидејќи претходникот исто така звучеше одлично. Можеме да одиме до таму и да го наречеме најдобар во својата категорија, и нема конкуренција во поглед на извонредниот дизајн. Бас звуците се тешки и ги има многу, но не ги форсираат високите и средните тонови, што е навистина одличен пристап од нив.

Уште една одлична работа покрај фантастичниот квалитет на звук е јачината на звукот: можете дефинитивно да го однесете во двор додека подготвувате месо на скара и нема да ве разочара, бидејќи звукот е изненадувачки гласен. Сепак, кога дома гласно слушате музика, звуците стануваат искривени и басот малку попушта. Исто така треба да се обрне внимание и на статусот на батеријата, бидејќи многу побрзо ќе ја загуби енергијата, отколку кога слушате со нормална гласност. Иако не можеме да замислиме ситуација каде ќе треба подолго време да го користите звучникот со гласност до крај.

06_beolit_17_test_mega

Немојте да заборавате на ToneTouch функцијата која стана заштитен знак за B&O PLAY: можете комплетно да го прилагодите звучниот пејзаж на Beolit 17 преку Beoplay апликацијата со помош на оваа фунцкија. Потребно е да замислите површина во форма на круг каде што треба да повлечете точка низ секој сегмент на кругот (или да ја промените неговата големина). Очигледно колку подалеку одите, толку посиелн ќе биде ефектот – Топол, Возбудлив, Релаксиран, Светол. Тешко е да се опиште што ова точно значи, но топлото ги означува длабоките звуци; возбудливото – средните тонови; релаксирано означува рамни звуци, додека светлото ги донесува високите тонови.

Работата е што, доколку не ги сакате стандардните звуци, бидејќи бас звуците се премногу (или не доволно), тогаш можете да си играте со содржините на вашето срце – во рамки на граници на здравјето секако, и доколку го повишите басот, звучниот систем ќе има прилично глупав звук. Можете исто така да спарите два Beolit 17 уреда преку стерео функцијата на Beolit апликацијата, па едната ќе свири на левата, а другата на десната страна. Можете во основа да составите еден претеран (и многу скап) стерео систем. Го немавме кај нас Beolit 15 за да испробаме дали две различни генерации можат да работат заедно, но судејќи според Beoplay A2 Active + Beoplay A2, ние (за жал) не мислиме дека ќе работи.

07_beolit_17_test_mega

Заклучок

Се на се, Beolit 17 не е многу променет во однос на својот претходник, па доколку некој го има моделот од пред две години, не мора да го фрла и да трча да го купи новиот. Има неколку практични подобрувања (како новиот систем на полнење или копчето Connect), дизајнот можеби е малку пософистициран, но квалитетот на звук е одличен како и секогаш, тоа воопшто не е променето.

Сепак, доколку сте почнале да барате моќен преносен звучен систем – времето за скара во двор брзо се приближува – и тогаш дефинитивно треба да го испробате овој производ. Во поглед на цената, овој модел не е евтин исто како и останатите Beolit модели, но звучи одлично, и ќе треба да платите за дизајнот и квалитетот. Огромен плус е тоа што стана дури и поевтин од претходната верзија (иако разликата не е толку голема како помеѓу Beolit 12 и Beolit 15): тој беше некаде околу 520 евра, додека овој чини околу 480 евра.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!