imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Основни правила за полнење на iPhone


Бидејќи полнењето на вашиот телефон е дневна рутина, во вонредните ситуации уредот се полни многу побавно од вообичаеното. Која е причината за бавното полнење?

Како последица на револуцијата на паметни телефони, ги собравме навиките како закажување на пораки, знаењето за користење на филтри на Instagram и дневното полнење на батеријата. Последното се однесува на се, бидејќи денес не се смета за навика, туку за рутина. Лично, не сум насочен цело време на полнењето на батеријата, туку автоматски го користам кабелот во различните делови на денот, дури и кога тоа не е потребно.

Оваа рутина пружа една предност; можете да проверите дали вашиот телефон се полни брзо или бавно. Се проценува дека на iPhone уредите им треба помеѓу 2,5 и три часа полнење со соодветен кабел, зависно од моделот. Методот на полнење не е константен, бидејќи литиум-јонските батерии не сакаат кога ќе ги испразните до крај или пак кога премногу ќе ги наполните. Значи, кога ќе досегнат ниво на наполнетост од 80 проценти, полнењето забавува.

Провери ја супер пром
Со iPad сè што правам, правам од секаде, лесно и беспрекорно.

Во согласност со тоа, во овој опсег, моментната потрошувачка е побавна. Капацитетот на класичниот полнач на Apple е 5W со 1Amp интензитет на струја. Ако сметате дека тоа е пребавно, можете да го полните вашиот iPhone со 12W 2.4 Amp iPad Power адаптер или дури и со нов полнач за MacBook. Иако сервисите тврдат дека тоа е штетно за iPhone уредите, овој метод официјално го потврди и Apple.

Секако, ако и натаму сметате дека полнењето е пребавно, не морате да брзате во продавница за да купите полнач за iPad, се што треба да направите е да ги исклучите другите фактори кои би можеле да го забавуваат полнењето. Логично, најпрвин би требало да го прегледате полначот, бидејќи кај лажните полначи полнењето не е само побавно, туку може и да му наштети на вашиот уред.

Во случај да го немате оригиналниот Power Adapter на Apple, својот уред можете да го полните и преку USB приклучок на вашиот компјутер. Користењето на Lightning Dock е најсоодветно решение во текот на работата, посебно ако имате на ум дека застарениот USB 2.0 ќе осигура побавно полнење, додека 3.1 или другите Thunderbolt 3 стандарди ќе осигураат побрзо полнење.

Немојте да заборавите ни на каблите, бидејќи ако Lightning кабелот изгледа оштетен на прв поглед, тоа би можело да предизвика побавно полнење. Во таа смисла, лажните кабли исто така предизвикуваат слични проблеми. Дисколорацијата на крајот на Lightning кабел укажува на контаминација. Ако пронајдете нешто како ова на вашиот Lightning кабел, проверете го и приклучокот.

Со летото кое брзо се приближува, жешкото време исто така може да биде штетно за брзото полнење. Температурите од 30-40°C го загреваат вашиот телефон. Батериите не поднесуваат најдобро екстремни температури, а високата температура дури и ги уништува. Бидејќи полнењето отпушта топлина, лоша е идејата да се полни вашиот iPhone на управувачката плоча на вашиот автомобил во текот на летните месеци.

За среќа, инженерите во Apple размислуваа за оваа ситуација, па ако го приклучите кабелот во запалката за цигари, телефонот ќе покаже дали се полни или не. Во прегреана состојба, полнењето автоматски запира. Истрошената батерија набрзо станува целосно празна.

Се на се, ако сакате да го полните вашиот телефон на најбрз и најсигурен начин, заборавете на лажните полначи, грижете се за чистината на Lightning каблите и приклучоци и заштитете го уредот од прегревање. Телефонот ќе остане во добра состојба и ќе можете лесно да го продадете подоцна, ако тоа го посакате.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!