imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Откриена точната големина на iPhone X Plus


Малку математика, пресметки и навестување на Google Analytics е се што е потребно за да ги дознаете најголемите тајни на iPhone X Plus, а тоа се точната големина на дисплејот, физичките параметри и очекуваната резолуција.

Apple не претстави нов хардвер на WWDC оваа година. Иако никој не очекуваше дека ќе не разгалат во оваа ситуација, веројатно сите се надеваа на некои мали надградби. Бидејќи компанијата ја пропушти оваа шанса, веројатно е дека треба да почекаме до септември кога веројатно ќе бидат објавени некои нови уреди.

Несомнено, септември е месец кога iPhone има водечка улога. Дефинитивно претпоставуваме што е веројатно да се очекува: 5,8-инчен наследник на iPhone X, неговиот поголем брат кој медиумите го нарекуваат iPhone X Plus и 6,1-инчен поевтин уред. Имајќи во предвид дека Plus моделот без рамки околу екранот се смета за феномен без преседан, се јавуваат многу прашања во однос на вистинските големини.

Според многу извори, екранот најверојатно ќе биде со големина од околу 6,5 инчи, но кои се точните параметри, во однос на резолуцијата или соодносот на екранот? BGR елегантно и логично одговори на овие прашања врз основа на посетите на BGR од различни уреди.

Заклучокот е прилично логичен и изграден врз основа на следните премиси:

  • Apple веќе долго време ги тестира своите системи однапред
  • BGR уште во февруари доби стотици посети од уреди кои работат на iOS 12
  • Google Analytics наведува многу податоци, на пример, резолуцијата на дисплеите
  • Dоколку постои iPhone X Plus, тој ќе треба да се појави како уред со iOS 12 помеѓу податоците
  • Бидејќи ќе има резолуција која претходно не постоела, таа ќе се истакне од податоците

Прилично е едноставно. На горната десна табела може да се види резолуцијата на екраните (во точки, а не пиксели) на уредите што го посетувале BGR со iOS 12. Врз основа на ова, некои модели може лесно да се идентификуваат: iPhone X, iPhone 8/7/6s Plus/6s/6 Plus/6, iPhone 8 Plus/7 Plus, 12,9″ iPad Pro, 10,5″ iPad Pro и iPhone SE. Споредувајќи ги податоците на посетителите со официјалните податоци на Apple во врска со резолуцијата, лесно може да се открие она што е чудно.

Моментно нема некои познати уреди на Apple со резолуција од 414 x 896 точки. Вредноста 414 која се однесува на широчината може да ни биде позната од сегашните Plus модели. Па така, нашиот мистериозен уред има иста широчина како и сите Plus модели досега. Тоа може да ве натера да се сомневате дека iPhone X Plus навистина ќе ги добие физичките параметри на сегашниот Plus модел без рамки, слично на iPhone X кој доби слична големина како 4,7-инчните модели.

Поентата е дека iPhone X Plus ќе биде со точно таква големина како што се очекуваше, единствената разлика е што сега имаме доказ.

Интересно, BGR тврди дека посетите од овој уред пристигнале во мај. Од ова не треба да се извлекуваат никакви сериозни заклучоци, но се чини дека повеќе се работи за прототип. Немаме никакви податоци од претходно, па веројатно почнале да ја тестираат првата верзија во мај. Не сум експерт за масовно производство, но во споредба со овој период, ми се чини дека септември е премногу блиску…

Извор: BGR

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!