imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Официјално е забрането да се објавуваат апликации за крипто рударење во App Store


Можеби се уште се сеќавате на оваа тема. Беше многу популарна во текот на пролетта, кога Apple всушност немаше официјален став по ова прашање. Сега ги ажурираа своите правила и му посветија цел пераграф на овој проблем.

Минатиот март дојде до мини-скандал, врзан за апликацијата Calendar 2, која беше легитимна и потврдена членка на Mac App Store. Програмерите на апликацијата одличија да рударат криптовалута, откако апликацијата им стана достапна на корисниците, а за возврат, корисниците би добиле платени функции. Со други зборови, за користење на неактивниот капацитет на своите компјутери, корисниците би добиле премиум функции “бесплатно”.

Иако овие дејства беа сосема легални, истовремено беа многу невообичаени. Програмерите правилно ги информираа корисниците за оваа опција, така што немаше никакви проблеми. Меѓутоа, по ажурирањето, опцијата стана обврза за сите, иако програмерите тврдеа дека се работи само за грешка. Откако Ars Technica дозна за ова, го извести Apple за проблемот. Подоцна ја отстранија апликацијата, но не дадоа никакво објаснување или коментар.

Така апликациите за рударење криптовалути влегоа во зоната на самракот и никој не знаеше како да постапи во таа ситуација. Што беше исправно, што беше погрешно, што беше легално, а што забрането. Сега се чини дека Apple донесе одлука. Во нивните нови правила, изрично го забранија крипто рударењето за апликациите во сите App Store продавници. Ова се нивните упатства:

  1. Apple ќе дозволи апликации на виртуелни паричнииц, се додека се понудени од програмерите кои се запишани како организации.
  2. Единствените апликации за рударење криптовалути кои се дозволени се оние кои рударат надвор од уредот, како рударењето врз основа на облак.
  3. Апликациите можат да им помогнат на корисниците да плаќаат, тргуваат или примаат криптовалута на одобрената берза, но апликациите мораат да бидат од самата берза.
  4. Слично на тоа, апликациите кои се вклучени во почетниците понуди со пари, тргување со биткоиин или друго тргување со криптовалута мораат да бидат од банките, компаниите или другите одобрени финансиски институции. И мораат да бидат законски.
  5. Апликациите на криптовалути не можат да им нудат на корисниците виртуелни пари за задачите како преземање на други апликации, наговарање на другите корисници да ја преземат апликацијата или зголемувањето на активноста на социјалните мрежи.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!