imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Патувањето на iPhone X околу светот


Дали некогаш сте помислиле од кои се држави потекнуваат сите ситни компоненти на iPhone уредите? Па, зачудувачки од голем број. Ова е вистински пример на меѓународна тимска работа.

„Дизајниран од Apple во Калифорнија. Составен во Кина“. Тоа го пишува на задната страна на поголем дел од производите на Apple. Доколку ја напишат баш секоја држава која ги произведува деловите за iPhone, уредот повеќе би личел на договор отколку на последен крик на технологијата.

Со оглед на тоа дека iPhone X се уште не е во комерцијална продажба, можеме единствено да изнесуваме претпоставки врз основа на деловите од претходните модели. Според поголем дел од изворите, Apple и за производството на својот најнов смартфон се потпишае на веќе уиграниот ланец на снабдувачи.

Да погледнеме кои се држави ги посетува уредот, пред да стигне во вашите раце.

Екран

Се чини дека со изборот на новиот OLED екран преку целиот уред, Apple раскрсти со досегашните снабдувачи, јужнорејскиот LG и јапонскиот Sharp, и побара помош од својот непријател, Samsung.

Samsung така склопи договор кој обезбедува четири милијарди долари повеќе од продажбата на деловите отколку од продажбата на сопствениот Galaxy S8. Не треба ни да се истакнува дека Apple дава се од себе оваа ситуација што побрзо да ја промени.

TrueDepth камера

Уште една интересна компонента е TrueDepth камерата (односно системот на кој се темели), а која е далеку посложена од екранот. Инфрацрвената камера се состои од инфрафилтри и тн. сензори за слики. За првиот дел е одговорна американската компанија Viavi Solutions, а за вториот STMicroelectronics (Франција и Италија) и AMS (Австрија).

Главната технологија на блицот (односно, flood iluminator) e VCSEL (Vertical-Cavity Surface-Emitting Laser), што го ппроизведуваат компаниите Lumentum Holding и II-VI Inc., со седиште во САД. Самиот блиц го склопуваат LG Innotek и Sharp, што повторно не враќа во Јужна Кореја и Јапонија.

За составувањет на Dot проекторот потребни се ласерски диоди од споменатите компании и оптички леќи Wafer Level Optics, кои ги обезбедуваат Heptagon од Сингапур (оваа компанија неодамна се соедини со AMS) и Himax Tech од Кина. Со други зборови, функционирањето на Face ID бара соработка помеѓу стручњаците од Америка, Европа и Азија. А ние се чудиме што дојде до проблеми во производството…

Останати делови

Кога се во прашање останатите делови, нема многу разлики во однос на претходните модели. Еве ги главните снабдувачи на Apple:

  • Батерија – Samsung (Јужна Кореја), Huizhou Desay Battery (Кина)
  • Камера – Sony (Јапонија)
  • Процесор, чип – TSMC (Тајван)
  • Flash меморија – Toshiba (Јапонија), Samsung (Јужна Кореја)
  • DRAM – SK Hynix (Јужна Кореја)
  • LTE – Intel, Qualcomm (САД)
  • Чипови на мешаните сигнали (како NFC) – NXP (Холандија)
  • eCompass- Alps Electric (Јапонија)
  • Жироскоп – STMicroelectronics (Франција, Италија)
  • Audio Chipset – Cirrus Logic (САД)
  • Полупроводник – Texas Instruments, Fairchild, Maxim Integrated (САД)
  • Управувачките делови на Touchpad – Broadcom (САД, производство во Азија)
  • Акцелерометар – Bosch (Германија), Invensense (САД)

А каде се добива животот?

Уредот се составува во Кина, воглавно на легендарните производни ленти на Foxconn и Pegatron. Таму е роден и iPhone X.

Конечниот производ потоа заминува во главната продавница на Elk Grove во Калифорнија, а оттаму се испраќа во другите овластени продавници на Apple. Исто така, тука е и целата низа помали продавници ширум светот, кои се заслужни за успешната продажба преку Интернет.

И на крајот, најубаво е кога iPhone X по ова напорно патување низ целиот свет ќе го најде домот кај нас и ќе го помине остатокот од своето битисување во нашите раце.

Извори: MacWorld.co.uk, SupplyChain247, TechInsights

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.