imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Перформансите на новите iPad Pro рамо до рамо со MacBook Pro i7


Добро, добро, и ние бевме изненадени. Веќе знаеме дека новиот iPad Pro е ѕвер, но во битка со врвниот MacBook Pro, не би се обложиле на iPad. Но, еве ги резултатите од тестовите на перформансите.

На годинашниот WWDC, iPad Pro серијата доби значајна надградба и еден нов член: iPad Pro од 10,5 инчи. Спецификациите јасно покажуваат дека новите таблети на Apple имаат силни перформанси. Всушност, тоа и се очекува ако Apple сака iPad уредите да ги заменат лаптопите.

Оваа идеја ги заинтригира блогерите од BareFeats. Одлучија да ги тестираат iPad Pro и MacBook Pro со GeekBench и GFXBench за да ги проверат перформансите на секоја линија производит и нивните односи. За да бидат чесни, ги избраа најсилните MacBook Pro модели со i7 процесори и Touch Bar и ги споредија со најмоќните iPad Pro модели. Ја испробаа и неодамна надградената верзија од 2017 година. Еве кои бројки се соочија.

MacBook

2017 MacBook Pro Retina од 13 инчи, 3,5 GHz Dual-Core i7 процесор, Intel Iris Plus Graphics 650 GPU, 16 GB 2133 MHz LPDDR3 RAM, 1 TB PCIe SSD

2016 MacBook Pro Retina od 13 инчи, 3,1 GHz Dual-Core i7 процесор, Intel Iris Graphics 550 GPU, 16 GB 2133 MHz LPDDR3 RAM, 1 TB PCIe SSD

iPad

2017 iPad Pro od 12,9 инчи (iPad7,2), 2,39 GHz A10X процесор, 512 GB SSD, 4 GB RAM

2017 iPad Pro od 10,5 инчи (iPad7,4), 2,39 GHz A10X процесор, 512 GB SSD, 4 GB RAM

Во мерењата на перформансите на едно јадро, двете верзии на MacBook Pro беа непобедливи. Беа подобри од било кој iPad. Што се однесува со таблетите, победи моделот од 10,5-инчи, иако неодамна освежениот iPad Pro од 12,9-инчи беше блиску.

Како што и мислевме, повеќејадрените тестови завршија со победа на MacBook Pro од 2017. Изненадувачки, во овој тест двата модела на iPad од 2017 (од 10,5 и 12,9 инчи) го победија MacBook Pro од 2016.

А потоа стигнаа шокантните резултати од GeekBench metal GPU тестот.

iPad Pro од 10,5 инчи имаше подобри перформанси од сите MacBook Pro модели.

Моделот од 2017 загуби од iPad Pro од 12,9 инчи, и така заврши на четвртото место во вкупниот поредок. Не ни е јасно како MacBook Pro од 2016 отседна на второто место и така беше подобар од најновиот модел. Но, моделот од 2017 година заврши последен. Ги повторија мерењата со GFXBench GPU тестот и така само ги утврдија резултатите – iPad Pro моделите повторно заблескаа.

И така сме соочени со дилемата: дали iPad Pro уредите станаа брутално силни или MacBook Pro компјутерите едноставно се послаби од порано? Пред донесувањето на одлуката, не смееме да заборавиме на останатите фактори. На пример, секој од овие тестови на перформансите се спроведува во „лабораториски услови”. Поради тоа, резултатите во пракса можат да бидат поинакви.

А тука е и факторот на големината на екранот и резолуцијата. Не е случајност дека меѓу iPad Pro уредите, моделот од 10,5 инчи секогаш беше победник. Во поголем дел од случаите, MacBook Pro уредите имаат екрани со поголеми димензии и резолуција, што доста влијае на резултатите на тестовите, посебно кога се во прашање графичките перформанси. Секако, не смееме да заборавиме дека и тука се занимаваме со два потполно различлни системи – iOS и macOS – и дека нивните споредби не можат да бидат совршено точни.

Се на се, овие тестови покажуваат колкави се навистина можностите на iPad Pro и дека Apple навистина сака со нив да ги замени лаптопите. Со оглед на тоа дека iOS 11 се чини одлично оптимизиран за iPad, нивниот труд можеби набрзо ќе ги покаже и првите плодови.

Извор: 9to5mac

Ако се загубивте во овие силни бројки, тука имаме прилично јасен текст за разните iPad модели.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!