imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Песна за болката што ја предизвикува тастатурата на MacBook


Ова не е прв пат Jonathan Mann попознат како „Song a Day“ да напише песна за некоја типична и здодевна карактеристика на некој производ на Apple. Сега се посвети на MacBook и Space копчето кое постојано запнува, што вроди со модерната композиција наречена „Притискам Space, но ништо не се случува“ („I am Pressing The Spacebar and Nothing Is Happening“).

Најдобар начин да се справиме со некоја траума е да напишеме песна. Butterfly тастатурата на MacBook Pro претставен минатата есен трауматизираше многу корисници, па беше неминовно дека ќе дојде до овој момент. Не можеме тоа да го оспориме, затоа што кога само што почнувате да се запознавате со нов лаптоп, навистина е невообичаено да притискате копчиња што имаат многу слабо притискање. Сепак, како што веќе напишавме во нашата рецензија, еднаш кога ќе се навикнете на такви плитки копчиња, ќе станат многу удобни за користење.

Меѓутоа, факт е дека постои еден негативен аспект на оваа тастатура, кој се темели на едноставниот закон на физиката, а не е резултат на непромислениот дизајн: ако било што (и тоа сфатете го буквално како било што – ронка, влакно, зрно прав) успее да се вовлече под копчето, нема гаранција дека компјутерот ќе препознае дека го притискате тоа копче. Доволно е и најситен предмет буквално да ја онеспособи тастатурата и да го доведе корисникот до состојба на паника. Токму за овој феномен Jonathan Mann ја посвети оваа малку изнасилена, но и натаму убава песна.

Ако посакате да ја запеете оваа песничка под туш, фрлете око на текстот кој е очигледно инспириран од раните, неоренесансни песни во јамбско метро, напишани за изведување на лира.

Го притискам Space копчето / Го притискам Space копчето / Го притискам Space копчето / Го притискам Space копчето / Но ништо не се случува / овој компјутер е стар една година / И беше многу скап / Ја чекав надградбата / Многу долго / А сега ми велите / Дека треба сериозна операција / Поради зрно прав / Заглавено под пеперутката / Ги пронајдов вашите упатства / Беа бескорисни / Ја купив онаа конезрва за воздух / Се чувствувам како кретен.

Ова веројатно нема да биде најпознатото дело на Mann, барем затоа што веќе стекна популарност со песна од 2012. година. Во тоа време пишуваше за тогашниот актуелен iPhone 4 и неговиот проблем со антената и протекувањето информации преку Gizmodo, што му претходеше на сето тоа. Оваа песна стана толку популарна, што конференцијата за новинари која Steve Jobs ја одржа по повод целиот скандал (и поради кој го прекина семејниот одмор на Хаваи) почна токму со неа. Имаме и доказ:

Apple на својата официјална страница за поддршка даде и упатства за правилно чистење на Butterfly тастатурата. Треба да бидете многу прецизни и да ја навалите тастатурата под агол од 75 степени, чистејќи ги копчињата користејќи некаков облик на компресор, а потоа да ја повторите таа постапка од неколку агли. Во теорија, тоа би требало да функционира во поголем дел од случаите.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!