imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Позеленото пакување може да биде следниот чекор на Apple


Оваа недела компанијата ја достигна состојбата на целосна работа на обновливи извори на енергија. Покрај тоа, постои уште едно подрачје во кое Apple може да биде еколошки поосвестен – пакувањето.

Apple многу пати докажа колку му е важен еколошки освестениот начин на работа. Компанијата вчера објави дека сега нејзината глобална мрежа во целост работи на обновливи извори на енергија, вклучувајќи го и огромниот кампус на Apple Park.

Но, да се биде зелен не значи само да се користат обновливите извори на енергија. Apple прави се со цел неговиот еколошки отисок да биде што е можно помал. Се труди да ја подигне свеста за важноста на екологијата при производството на своите производи, а ја освои и титулата „Еколошки најосвестена технолошка компанија”.

Потпретседателката на Apple за животна средина, политика и општествена иницијатива, Lisa Jackson минатата година во интервју рече дека Apple планира да ги произведува сите свои уреди во затворен круг. А тоа е навистина одлично. Неколку компоненти веќе се произведуваат на овој начин, но изработката на целиот iPhone – до последниот ситен шраф – од рециклирани материјали би бил врвот во областа на зелените решенија.

А што е со пакувањето? Пакувањето на iPhone, Mac и поголем дел од уредите на Apple стана легендарно, а нивниот перфекционистички пристап датира уште од периодот на Steve Jobs.

Можеби токму Jony Ive помина многу работни часови дизајнирајќи го актуелниот изглед на пакувањата. Дали одработи одлична работа? Ритуалот на отворањето на новиот производ се говори.

Освен фасцинанaнтниот дизајн, пакувањето има и зелена црта. Последните неколку години, компанијата направи важни чекори за да користи што помалку пластика за кутиите кои ги чуваат богатствата на Apple. На пример, подлошката на која iPhone лежи во кутијата е изработена од влакна на бамбус, што е нуспроизвод во производството на шеќерната трска. Двата материјала се вишок и обично завршуваат во ѓубре.

И хартиите во кутиите се изработени од рециклирани материјали.

Користиме  […] рециклирана хартија кога и да можеме. Всушност, во фискалната 2016. година, повеќе од 60 проценти хартија искористена во пакувањата беше изработена од дрвени влакна.

А останатите 40 проценти доаѓаат од „одговорни извори”, тврди Apple.

Освен рециклирањето, втора важна работа е намалувањето на количеството на потрошени материјали – во пакувањето, исто така. Токму затоа компанијата ги намали големините на кутиите: сега пакувањето на 21,5-инчен iMac бара 53 проценти помалку материјали отколку што беше потребно за пакувањето на стариот 15-инчен iMac, а целата кутија е 35 проценти полесна.

Секако, еколошки освестениот пристап не смеел да застане на патот на дизајнот. Сите го знаеме она прекрасно чувство на кинење на фолијата од нов iPhone и отворањето на кутијата на новиот MacBook.

Што мислите вие, дали следниот чекор би требало да биде новото пакување?

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.