imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Поинакво скролање во Safari


Благодарение на скриена функција во Safari, можете поинаку да скролате низ различните страници. Да погледнеме како тоа функционира.

Откако користам Mac, разбирам од каде потекнува едноставниот и нежен начин на користење на iPhone. Сепак, денес веќе не е така тешко да се стави прецизен тракпад на врвен лаптоп и во Apple отсекогаш внимавале на такви детали, а ако обратите внимание на развојот на iPhone, ќе видите слични ситници.

На пример, во Safari можете да ги листате страниците на два различни начина. Традиционалниот метод е толку едноставен што е речиси смешно посебно да се објаснува: само повлекувате со прстот од дното на страницата или обратно. Меѓутоа, кога читате некој текст, лесно може да се случи да го превртите делот што го барате, бидејќи треба да се биде многу внимателен кога пробувате да ја однесете страницата до точно одреден пасус.

Благодарение на вториот метод, можете многу попрецизно да се движите низ било која страница. Ако два пати го допрете дното на страницата, веднаш зад лентата со алати, Safari самиот ја поместува страницата понатаму. Тоа функционира и во спротивна насока: два пати допрете под насловната лента и ќе се вратите на делот од текстот над местото каде што моментно се наоѓате.

Напомена: Бидете внимателни со овој трик –  ако два пати ја допрете горната лента на екранот, Safari автоматски ќе ве врати на почетокот.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.