imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Покажете ми го вашиот телефон и ќе ви кажам кој сте


Дали некогаш сте се запрашале зошто на интернет има толку жестоки расправи за паметните телефони и оперативните системи? Дали прашањето кој му дава доверба на некој бренд и навистина толку важно? Што ако ви кажеме дека единствената причина во позадина на сето ова е фактот дека сите сме се уште пештерски луѓе? Така е, вие сте пештерски човек, како и сите ние останатите.

Претпоставуваме дека следниот феномен не треба да му го објаснуваме на никого: во целост модернизираните, цивилизирани и интелигентни луѓе го отфрлаат целиот разум и се впуштаат во исклучително злобни и опасни расправи само затоа што другата личност одлучила да купи поинаква марка на паметент телефон или пак користи поинаков оперативен систем.

Корисниците на Apple обично се сметаат многу умислени и сите им говорат дека ги избрале своите телефони со нив да можат да се фалат, додека истовремено се доволно наивни за истите тие уреди да даваат премногу пари. Меѓутоа, ни корисниците на Android не се поштедени од критики: тие се оние несреќни души со премалку пари кои всушност сакаат iPhone, но не можат да си го дозволат, тие секогаш го копираат Apple и го прифаќаат продавањето на сопствените лични податоци со насмевка на лицето.

Но сериозно, дали ова прашање е толку важно што – дозволете ни малку да претераме – е вредно поради него да се прекинуваат пријателства и љубовни врски? Очигледно е, ако тоа го правиме. Но, која причина лежи зад овој феномен? Краток одговор би бил дека се уште не сме фатиле чекор со сопствената еволуција, и на одреден начин во нас постои див човек-мајмун со тревната сукњичка и стап во рака.

Пештерски човек со iPhone

Еден од темелите на човечката природа е желбата за припадност во група. Ние сме вид кој функционира во друштва, обликувани за најефикасно да работиме кога сме во група. Секако, оваа функција денес има помала улога во нашите животи, но во старите времиња, кога немавме ресторан и продавница на секој агол, нашето преживување зависеше од тоа дека сме членови на некоја група. Едно лице немаше премногу шанси само да улови животно со кое би се прехранило; меѓутоа, ако тоа лице соработувало со други во групата, животот бил многу полесен, па луѓето почнале да ги делат одговорностите и да се служат со своите се поразвиени мозоци.

Важен фактор на поврзаноста на групата е способноста да се разликуваме од останатите групи. Односите помеѓу групите можат да бидат различни, а во екстремни случаи овие различности можат да доведат до чувство на омраза, па дури и агресивност. Наште мозоци толку се навикнати на овие племенски поделби, што тоа дури и влијае на начинот на кој управуваме со информациите.

Во принцип секогаш се мамиме самите себеси, бидејќи поврзаноста во рамки на групата е поважна од се останато.

На пример, ако слушнете и позитивни и негативни информации за групата на која не и припаѓате, поголема е веројатноста дека ќе ги запаметите само негативните аспекти. Едноставно ги бришете сите информации кои ривалската група би можела да ја направат попривлечна од вашата, бидејќи така би се нарушила поврзаноста во рамките на вашата група, а тоа може да резултира само со пропаст и смрт под нозете на бесниот мамут.

Факт е дека ни до денес не сме се ослободиле од овој еволуциски примерок, па и натаму имаме тенденција да мразиме сите кои не му припаѓаат на нашето племе, без оглед на последиците кои тоа може да ги донесе. Тоа во превод значи дека корисниците на Android и iOS во денешното модерно време и натаму функционираат како племиња од камено време – така тоа го објаснува Mark Coulson, професор од лондонскиот Универзитет Middlesex, во разговор за CNet на тема психологија на овој феномен.

Покажете ми го својот телефон и ќе ви кажам кој сте

Опишаната теорија совршено ја објаснува психолошката позадина на бесните интернет расправи, но и натаму не објаснува на кои принципи на оваа група се темелат. Зошто некој избира Android, а некој друг iPhone?

Истражувачите од School of Psychology на Универзитетот Lincoln објавија труд во кој тврдат дека нашиот карактер и преференци при изборот на паметен телефон донекаде се поврзани. Heather Shaw, водителка на ова истражување го рече следното:

Станува се појасно дека паметните телефони стануваат мала дигитална верзија на корисникот, а многумина од нас не сакаат кога другите луѓе ги користат нашите телефони, бидејќи така можат да откријат многу нас.

Иако истражувањето не е спроведено на голем број испитаници, успеаја да издвојат две карактерни црти кои би можеле да бидат поврзани со изборот на оперативен систем на корисникот. Се работи за скромност и искреност, а за жал ниту една од овие особини не преовладува помеѓу корисниците на iPhone.

Меѓутоа, пред да допуштиме оваа критика да не повреди, треба да се истакне дека е спроведено уште едно истражување и тоа на поголем број испитаници, кое покажа дека постои одредена врска помеѓу карактерните црти и изборот на паметниот телефон, но таа е колку маргинална, што врз основа на неа не можат да се донесат никакви цврсти заклучоци.

Автор на тој труд е Friedrich M. Götz, професор на германскиот Универзитет Konstanz и англискиот Универзитет Cambridge, а повод за истражувањето беше неговата загриженост дека платформата за која истражувачите направиле апликација за да можат да собираат податоци ќе има преголемо влијание на одредените психолошки резултати на ова истражување. За среќа, се чини дека нема да има потреба за развој на цела нова научна методологија, а ова истражување исто така потврди дека корисниците на Android се малку поотворени од корисниците на iOS.

Заклучокот на Götz, исто така, дава одговор на прашањето од почетокот на ова поглавје, односно кои се темелните разлики помеѓу групите корисници на Android и корисниците на iOS:

тие во поголема мерка се темелат на општествените-демографски варијабли, отколку на карактерните црти.

Тоа значи дека во овој случак одлучувачки фактори се полот, возраста, платата и останатите општествени аспекти, а во споредба со нив, карактерните вртни имаат занемарлива улога.

Заклучок

Што заклучивме на крај? Нема основа за меѓусебно критикување, барем кога е во прашање паметниот телефон што го преферираме. Двете групи имаат членови со слични карактерни црти, никој не поглупав или побезобразен, повпечатлив или попаметен од другите. Ако би биле целосно искрени, единствена причина поради која доаѓа до овие брутални расправи помеѓу корисниците на ривалските платформи е фактот дека без тој менталитет не би успеале да преживееме пред илјадници и илјадници години.

Извори:  BrainfodderJournals.plosBandwidthBlog

 

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!