imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Посигурно за изработка, посигурно за употреба


Денеска го славиме Светскиот ден за заштита на животната средина, па ќе ја искористиме приликата и ќе ве потсетиме на се што Apple презема за да заштити околината, но и корисниците.

Ако сакате да ја заштитите околината и максимално да го намалите својот еколошки отисок, не е веќе доволно да се употребуваат обновливи извори на енергија или да се создаваат роботи за расклопување на iPhone. Еднакво е важно да се спречува идното упропастување на природата до кое може да дојде поради екстракција и употреба на одредени материјали и сортирањето на неискористени уреди.

За тоа да го постигне, Apple постави строги стандарди за материјалите кои се употребуваат за нивните уреди. Процесот на евалуација почнува многу рано, веќе во постапката на дизајнот и раното производство, а целта им е да ги отфрлат сите потенцијално опасни хемикалии. Ако замените не се достапни, соработуваат со снабдувачите за да пронајдат други решенија и некако да ги елиминираат тие штетни елементи.

Исто така, Apple сериозно се грижи за здравјето на корисниците и ефектот кој секојдневното користење на уредите го има врз нив. Токму затоа изградија лабораторија за тестирање на околината, во која нивните хемичари и токсиколози пробуваат да ги откријат потенцијално штетните елементи. Дури и измислија вештачка пот за да ја проценат сигурноста на материјалите кои ги употребуваат, а кои доаѓаат во конталт со нашата кожа (на пример, ремените на Apple Watch). Бројките се ни говорат: лабораториите се денес 30 пати поголеми во однос на 2006. година.

На крајот, тука е и третиот важен аспект, а тоа е дека поставија високи стандарди на заштита за сите експерти кои работат на нивните уреди. Покрај контролите, строгите прописи и листата на работи, чија употреба е забранета, даваат се од себе за нивните работници да бидат сигурни.

На листата се берилиум, жива, железо, арсен, PVC и бромираните забавувачи на горењето (BFR). Целта им е да ја намалат или целосно да ја исфрлат нивната употреба и да развијат нови материјали кои се посигурни и кои ќе придонесат за заштита на нашата планета. Ако овој текст го разбуди вашиот интерес, фрлете око на страницата на Apple за повеќе информации.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!