imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Поставете автоматски одговори во апликацијата Mail


Ако случајно сте надвор од канцеларија или не сте во можност подолго време да одговорите на пораките, автоматските одговори можат да бидат навистина корисни. Следните чекори во апликацијата Mail ќе ви помогнат да ги поставите.

Поголем дел од нас добиваат многу мејлови секој работен ден. Тоа е сосема нормална работа во 21. век. Сепак, тоа не значи дека со нив морате да се занимавате во текот на празниците.

Овој совет ќе ви помогне да ја поставите апликацијата Mail автоматски да им испраќа одговори на сите кои ќе ви испратат мејл додека сте отстутни. Да погледнеме што треба да се направи.

  1. Отворете ја апликацијата Mail.
  2. Во Mail > Поставки побарајте Правила.
  3. Притиснете на копчето Додај правило.
  4. Во првото поле можете да внесете краток опис на правилото, на пример “Порака надвор од канцеларија”, за да ги препознаете различните правила.
  5. Можете да ги прилагодите поставките во различните паѓачки менија.
  6. Во случај на порака “Надвор од канцеларија”, корисно е да се промени условот “Ако” во “Било Кој”.
  7. Во третиот ред изберете ја опцијата “Секоја порака”.
  8. Во менито “Спроведи ги следните поставки” изберете ја опцијата “Одговори на пораките”.
  9. Потоа ќе се појави нов ред “Текст порака за одговор”, во кој можете да ја впишете својата порака.
  10. Кога се ќе довршите, притиснете Во ред.

Кога оваа опција повеќе не ви е потребна, само исклучете ја. Доволно е да ја одзначите куќичката со саканото правило во менито Правила.

Ние само ви дадовме пример, слободно испробајте разни поставки и пронајдете ја најдобрата комбинација за своите потреби.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.