imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Поставете ја опцијата Family Sharing


Family Sharing (Делење со семејството) е многу корисна функција во iOS, а ви овозможува споделување на купената музика, книги, филмови и апликации со вашите најмили.

Опцијата Family Sharing ви овозможува поврзување на дури шест Apple ID во исто време, па доволно е еден член на семејството да ја купи саканата музика, книга, филм или апликација, па оваа содржина да му биде достапна на целото семејство. Можете да делите дури и фотографии и семејни календари, за никој да не ги заборави заедничките планови.

Понатаму, оваа функција ви овозможува вашите деца да ги користат своите Apple ID сметки без пристап до информациите од банкарската сметка. Во тој случај, сите купувања мора да ги потврди „организаторот”.

Исто така, „организаторот” е задолжен за опцијата Делење со семејството. Ова лице може со својот Apple ID да ги потврдува купувањата, да ги повикува членовите и да ги одбива.

За да ја покренете оваа опција, одете на Settings – Tap your account и изберете Family Sharing. Пријавете се и прифатете ги условите на користење. Сега можете да изберете да ли сакате да ја делите локацијата со членовите на семејството. Секако, можете да изберете дека не сакате. 

Пратете ги упатствата на екранот за да го поставите делењето и да ги повикате своите членови на семејството преку нивните Apple ID сметки. Тие ќе треба да го прифатат повикот во известувањето кое ќе го добијат. Кога ќе се придружат, и тие можат да бираат дали сакаат да ја делат локацијата. Во случај да не добијат известување, повторно отворете го споменатото мени.

Откако го поставите Делењето со семејството, во Calendar и Reminders ќе се појави нова категорија Family. Се што ќе создадете во рамки на категоријата автоматски се дели со целото семејстви. Наједноставен начин на делење на фотографиите со групата е додавање на саканите слики во семејниот албум.

Опцијата Family Sharing е исклучително корисна и е одличен пример на предностите на користењето на iOS на семејно ниво.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!