imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

По надградбата на iOS 11 повеќе нема да морате да молите за WiFi


iOS 11 ќе ни пружи решение за долгогодишниот проблем: повеќе нема да морате да молите за WiFi лозинка и потоа неточно да ја запишете во мобилниот додека се наоѓате во туѓ стан/куќа. Од iOS 11 па натаму, ќе можете да добиете WiFi лозинка на побрз и подискретен начин. Уште една нова функција за која Apple се уште не зборуваше!

Ја знаете ли онаа ситуација кога се наоѓате кај некој, и по неколку минути ќе наидете на проблем – не можете да се поврзете со WiFi мрежа. Тогаш со страв му пристапувате на домаќинот, но веќе знаете дека ќе му создадете неприлика, бидејќи тој не знае која е лозинката. Не може да го пронајде ливчето на која е запишана лозинката, а отпаднала налепницата со лозинки која се наоѓа на задната страна на рутерот.

Тоа не би требао да биде ваш најголем проблем кога ќе одите на забава во нечиј дом, но кога на таа забава се наоѓаат 10-20 лица, и сите мораат да ја запишат лозинката еден по еден, тоа изненадно станува голем проблем. Посебно кога некој има покомплицирана лозинка од вообичаената 123456, нешто со големи и мали букви. Едноставно речено: кошмар.

Apple не зборуваше за ова како ни за сите други, нови и неспоменати функции: нова каректеристика на iOS 11 ќе биде делењето на вашата WiFi лозинка. Се досега, ако сте биле пријавени со иста сметка на вашиот iPhone, iPad и MacBook, тогаш сите ваши уреди можеле да ја препознаат мрежата со која еден од нив веќе бил поврзан, без оглед на тоа кој уред ја имал лозинката за неа. Поради тоа, ако на пример сте се поврзале со мрежа во книжарница на вашиот iPhone, вашиот MacBooк исто така автоматски би можел да се поврзе со неа.

Сепак, на оваа смешна ситуација ќе и дојде крајот со делење на WiFi лозинката (во случај на уреди компатибилни со iOS 11). Сега, кога пријателите ќе ви дојдат на гости и можеби ќе сакаат да се спојат на вашата мрежа, ќе се појави прозорче на телефонот кој веќе е поврзан на мрежата преку кој лесно можете да им пратите лозинка на останатите. Со еден допир, iPhone ќе ја копира лозинката на clipboard и ќе ја испрати, а другиот iPhone може автоматски да се поврзе со WiFi мрежата.

Нема секогаш да добивате pop-up барање која некој оди пред вашата куќа и бара WiFi мрежа. За тоа да се случи, ќе морате да ги држите двата телефони блиску еден до друг. Тоа веројатно ќе функционира на ист начин како прв пат го поставувате вашиот Apple TV, па држете го телефонот над него за да може да се поврзе на интернет.

Можете да прочитате повеќе за другите iOS 11 вести во WWDC мапата.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!