imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Првата книжарница на Месечината би ја содржела целата Wikipedia


Толку напредувавме со населување на Месечината што мораме да размислуваме за тоа што ќе читаат првите доселеници и како ќе се забавуваат. За среќа, една компанија веќе почна да се занимава со тој проблем, а резултатите ќе бидат одлични.

Прочитав само една реченица во еден текст и веднаш останав толку запрепастен што морав да ја прочитам уште неколку пати за да се уверам дека не замислувам:

Организацијата Arch Mission Foundation планира да ја испише целата Wikipedia на англиски јазик на мали метални листови и да ги испрати на Месечината како книжарница.

Еве го и објаснувањето:

Фасцинантен факт бр. 1 – Arch Mission Foundation

Првиот дел од оваа реченица не ме заинтересира посебно, бидејќи никогаш не сум слушнал за оваа непрофитна организација. Но, колку повеќе читав за неа, толку обожавателот на научна фантастика во мене беше повозбуден.

Оваа организација основана во 2015. година има многу едноставен, но исклучително амбициозен план: сакаат да прошират што е можно човечко знаење низ Сончевиот систем, создавајќи сигурносни копии за случај да дојде до судниот ден. Во тој контекст, самото име на компанијата е повеќе од примерно; имено, зборот „arch“ е скратеница за „archive“ (архива) и се однесува на информациите кои имаат намера да ги испратат од Земјата, но се изговара како „arc“, што е јасна алузија на Ноевата арка.

Како што истакна основачот на компанијата, Nova Spivack:

Каде и да одат луѓето, ќе оди и Arch. Каде и да оди Arch, ќе оди и човештвото.

Ова очигледно нема посебно влијание на нашите моментни животи, но убаво е да се знае дека постојат вакви проекти.

Фасцинантен факт 2 – Ситни метални листови 

Ако сакаат овие информации да бидат трајни, не е доволно да се напишат на обична хартија. Вселната е немила: космичко зрачење, температурни разлики и вакуум се само некои од бројните предизвици со кои оваа експерти мораат да се соочат за успешно да ги складираат податоците за иднината.

Arch има уште невидени решенија за овој проблем. Кога Elon Musk го лансираше својот Tesla Roadster во Вселената, Spivack преку Twitter го замоли да ја стави трилогијата Foundation на Isaac Asimov во совозачки случај. На директорот на SpaceX и Tesla оваа идеја му се допадна и ја спроведе во дело. А тоа беше и одлична прилика организацијата да ги тестира своите методи.

Се одлучија за 5D кварцно ласерско печатење, кое крие многу можности. Во теорија, информациите врежани во металните листови би требало да останат читливи 14 милијарди години, што оваа технологија би ја направило најтраен метод за складирање на податоци кое човештвото го смислило; листовите се отпорни на космичко зрачење, а можат да издржат температури преку 1000°C. Покрај тоа, еден диск може да прими 360 TB податоци,

Меѓутоа, самиот проект Lunar Library би можел да користи поинаков метод на складирање. Овој пат имаат намера со ласер да ги врежат информациите на 1.7 см долгите и 20 микрометро дебели листови од никел. За подобро да ги прецепирате овие димензии, да кажеме само дека човечкото влакно е подебело од таа плочка, а поштенската марка е поголема од неа. Но, немојте големината да ве измами, на еден лист можат да се сместат 16.000 страници содржина.

Овие дискови ќе се сместуваат во пакети со големина на кутија за CD, што ќе му овозможи на Arch да испраќа слики и податоци во опсег од 25 до 50 милиони страници директно на Месечината. Другата голема предност на оваа технологија е дека листовите на никел можат да читаат со оптички читач со 1000x зум. Покрај тоа, никелот е отпорен на космичкото зрачење и нема да кородира.

За оваа технологија да ја здогледа светлината на денот, организацијата се здружи со компанијата Stamper Technology, чиј патентиран метод на гравирање и овозможува да ги испише овие дискови за помалку од една недела. Тоа значи дека во мометот на лансирањето сите податоци ќе бидат актуелни и ажурирани.

Фасцинантен факт 3 – Книжарница на Месечината со Wikipedia

Фактот дека постојат луѓе кои сметаат дека е потребно да се има книжарница на Месечината е многу забавен. Arch веќе работи на идеја за книжарница на Марс, бидејќи оваа планета е мометната топ вселенска дестинација. Конечната цел е да се прошират информациите со целиот Сончев систем, па Arch е отворен за соработка со било кој што има можност да им ги реализира соништата и да ги испрати дисковите ширум вселената.

Друга работа е Wikipedia. Кога зборуваме за вкупното знаење на човештвото, не би требало да ја земаме во предвид Wikipedia, бидејќи таа е пона со неточни информации и всушност не содржи ниту една книга. Од друга страна, можеме да ја сметаме за своевиден преглед на сето што досега како човештво сме го направиле.

Оваа месечева книжарница би требало да се состои од целата Wikipedia на англиски јазик, а најважните делови ќе бидат достапни на повеќе јазици. Исто така, ќе го содржи и Rosetta Project на организацијата Long Now Foundation, која содржи детали од преку 1500 човечки јазици. Arch планира и да ја надополни книжарницата со дополнителни информации. Немаат намера да застанат по испраќање на целата книжарница на Месечината – желба им е постојано да се надополнуваат.

На мометниот проект соработуваат со Astrobotic, компанија која прва би сакала да пружи услуга за купување на земјиште на Месечината. Оваа мисија наречена Peregrine чека одобрение од Владата, а планот е да почне со реализација кон средината на 2020, со помош на Atlas V ракетата. Ако се оствари, ова би можела да биде првата комерцијална мисија на Месечината во историјата на човештвото.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!