imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Прва објава – iMagazin доаѓа на сцена во Македонија!


Идејата да се направи iMagazin беше непобедливо чувство што долго време ги измачуваше мислителите и идеалистите на iStyle.

Моите сознанија се дека кога ја добиле таа идеја едноставно помислиле на Вас и на Вашата информираност и безбедност во тој круг на Apple меѓусебна конекција. Да се живее во духот со најновите вести и информации од достигнувањата во точно време и на право место е вистинскиот подарок од iStyle кој речиси има скапоцена вредност.

Оваа инспиративна вредност за прв пат се појавува во 2014 година во Унгарија кога само по неколку месеци е создадено и првото iMagazin списание, кое беше веднаш прифатено од јавноста. Фактот околу уредувањето е изненадувачки бидејќи се искористени милион идеи, сите вметнати во само една единствена реализација. И, можеби токму затоа го следат 500.000 следбеници. iMagazin во светот е раширен во 6 држави, почнувајќи од Унгарија и на неговото уредување работат вкупно 20 луѓе. Македонија конечно во 2017 само за вас го создава првиот iMagazin кој ќе ви понуди провереност, прецизност и брзина!!!

3d

Навремената информираност која ќе нуди исклучиво точни и прецизно проверени факти бргу ќе ја изгради довербата кај читателите и корисниците бидејќи точната информација вреди многу. На корисникот овде само со еден клик ќе му биде дозволено да пребарува се за вистинските Apple вредности и информации. Многу пати Apple производите поради својата вредност и квалитет се злоупотребувани, но iMagazin секогаш е овде да ви ја открие вистината за шпекулацијата. iStyle пред себе има само една броба, а тоа е да се справи со остварувањето на вашите желби. Едни од вас го обожаваат IPhone 5 поради извонредната цена, други се опседнати со IPhone 6s поради дијамантскиот квалитет. Токму овде ќе пронајдете новости, информации и можеби ќе ги искористите како сугестии во остварувањето на вашите Apple продукт желби.

Не постои крај!

Идејата на Бог и на сите генијалци е дека крајот никогаш не постои. Ова е само почеток, нов чекор кон успехот кој Вам ви треба. Бидете уникатни читајте проверено и точно! Дружете се и инспирирајте се од најдобрите!

iMagazin-mockup-all.jpg1

Кај нас вработените уживаат во она што допрва ќе им се случува и просто сакаат да бидат близу до Вас.

Во неколку наврати разговараме токму за Вас при што, Марко (вработен во iStyle) кажа:

Ги обожавам клинетите што не се задоволни од моите инструкции и секогаш бараат уште повеќе дискусии, ме прашуваат за нешто што никогаш Apple не го ниту произведел, а јас би бил во можност да им помогнам отварајќи им го iMagazin како реномиран веб сајт со точни и најнови информации.

А, јас пак, Јордан (одговорен за iMagazin) велам:

Напорно ќе работиме и целосно ќе се посветиме на секоја нова вест, приоритет ќе биде вистинитоста поврзана за секој Apple продукт, а кликовите и лајковите ќе бидат само потврда за нашата успешно сработена мисија.

Уживајте во секоја следна информација!!!

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.