imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Прв пат во историјата се намали бројот на апликации во App Store


На Apple не му беше лесно во последно време, а сега поради построгите правила мораа засекогаш да се простат од многу апликации. Секако, тоа се одрази на популацијата на App Store и ова е прв пат во историјата да се случиле вака драстични резови.

На блогот AppFigures спроведено е големо истражување кое се занимавало со изборот на апликации во App Store и Google Play Store. Според резултатите, во 2017. година, прв пат во историјата, бројот на апликации во App Store се намали. Но, тоа не е проблем.

На почетокот на годината, корисниците можеа да бираат помеѓу 2,2 милиони апликации, додека кон крајот на годината оваа бројка падна на 2,1 милион. Тоа значи пад од 5 проценти, што не е занемарливо. Но, причините се очигледни. Вишиот потпретседател на меѓународниот маркетинг во Apple, Phil Schiller, уште во 2016. година најави реформа на App Store, па во 2017. година се воведени нови, построги правила.

Најпрвин се отстранети сите апликации кои подолго време не беа наградени и кои немаат поддршка за 64-битна архитектура. Проценето е дека има вкупно 187.000 такви апликации, но до нив веројатно е спасе со надградба во последен момент. Меѓутоа, добар дел од апликациите кои недостасуваат веројатно паднаа како жртви на оваа надградби.

Потоа се отстранети сите апликации кои се изработени врз основа на забелешки или имале двојна или клонирана содржина. Имаше повеќе илјади такви апликации, а исчезнаа и сите оние кои го имаа зборот FREE во насловот.

Исто така, треба да се истакне дека Apple ги заостри правилата, а програмерите мораа да ги почитуваат ако сакаат да останат. Сите постоечки апликации повторно се прегледани, а сите кои не ги задоволуваа новите критериуми, елиминирани се.

Јасно се гледа дека се воведени многу промени кои убија илјадници апликации. Меѓутоа, на AppFigures пресметаа дека постојат и некои други причини во позадина. Тврдат дека во App Store е поставен помал број апликации од претходно. Меѓутоа, додадоа дека тоа не мора да значи дека помалку се креирани, само дека помалку ги задоволиле критериумите.

Во принцип, времето на апликациите се уште не е завршено, само дојде време за чистење. Во продавницата и натаму има огромен број апликации. Само што сега е помала можноста дека ќе проајдеме неквалитетни апликации.

Графиконите ја покажуваат и моментната состојба во Google Play Store. Се гледа дека трендовите се непроменети во случајот на Android уредите и дека овие корисници можат да бираат помеѓу поголемиот број апликации. Не знаеме дали причините за тоа се помалку строгите правила на Play Store или фактот дека оваа заедница на програмери е поактивна.

Сепак, не верувам дека било кој во 2018. година може да тврди дека не може да најде апликација која одговара на сите негови желби.

Извор: TechCrunch

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!