imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Преземете ги сите податоци кои Apple ги складира за вас


По неодамнешниот скандал на Facebook, Apple вети дека ќе им овозможи на сите корисници пристап до податоците кои компанијата ги складира за нив. Така што сега можете да побарате од Apple да ви допушти да преземете се што има за вас.

Во ерата на широкопојасен интернет и познати личности на Instagram, каде што сите апликации за комуникација спамираат со скриени реклами, не е тајна дека најголемите технолошки компании ги продаваат нашите лични податоци во корист на бесплатните услуги.  Овие работи некогаш не беа вообичаени или прифатливи.

Make public data available, protect private data!

Значи, направете ги достапни јавните податоци, заштитете ги приватните податоци. Apple и Microsoft се родени во оваа ера и посветуваат големо внимание на заштитата на корисниците. Apple навистина е посветен на ова, но не може да се каже истото за Facebook и Google. Во меѓувреме, овие две компании знаат дури и денеска што ќе купите утре кога ќе влезете во продавница за храна. Apple има прилично минимален пристап до сите ваши податоци.

Како на пример:

  • Апликации што сте ги презеле;
  • Кога и што сте надградиле или инсталирале;
  • Книги, филмови, музика и сите други медиумски содржини што сте ги конзумирале;
  • Целата музичка колекција што сте ја складирале во iTunes Match;
  • Купувањата во апликациите;
  • Сите AppleCare настани;
  • Информации за сервисот;
  • Сериските броеви на уредите;

Ова се податоци кои Apple ги складира на своите сервери и на кои може да им пристапи во секој момент. Но, не знаат ништо лично за вас, на пример со кој ве поврзал Tinder или кој ви е омилениот пијалок. Шегата на страна, поважно е да не ја знаат вашата моментна позиција, не ги складираат вашите пораки и повици, немаат пристап до вашите фотографии, календар, мејлови или Apple ID сметката.

Еве што самите велат за тоа:

Ако користите iCloud, ќе забележите дека таквите податоци ги складираме прилично кратко. Разговорите кои се водат преку iMessage и FaceTime се заштитетни со end-to-end енкрипција, што значи дека можат да ги видат само учесниците во разговорот. Apple не може да ги дешифрира овие податоци. Слично на тоа, не ги складираме податоците врзани со локацијата на корисникот, пребарувањето на мапите или наредбите дадени на Siri во било кој читлив облик.

Мораме да додадеме дека ги складираат сите разговори со Siri со цел овие податоци да му ги дадат на алгоритамот за машинско учење поради анализата на човечкиот говор и за потребите на понатамошниот развој.

Ако не верувате, проверете!

Tim Cook веќе изјави дека Apple нема да остане само на зборови, туку ќе ги спроведе сите потребни чекори: по примерот на Facebook, ќе создаде сопствен систем кој ќе им овозможи на сите да ги преземат своите лични податоци. Иако овој систем се уште не е готов, имате прилика да погледнете во него. На страницата apple.com ќе пронајдете посебна страница на која е објаснето како се користат вашите податоци. На одделот Personal Data можете да пополните формулар за приватност.

Таму изберете Other European Country за да стапите во контакт со нив. На страницата Privacy Questions во менито изберете ја опцијата  Privacy Issues. Таму треба да го внесете вашиот регион и името и да напишете кратка молба да ви ги дадат податоците кои ги складираат за вас. Нешто во овој стил:

Совршено. Сега притиснете Submit и очекувајте одговор за еден до два дена. Ќе ви ги бараат следните податоци за идентификација.

  • Име и презиме
  • Apple ID
  • E-mail адреса
  • Адреса
  • Број на телефон
  • Сериски број на било кој од вашите Apple уреди (доволен е само еден)
  • Бројот на вашиот случај во Apple Care поддршката (испратен со автоматски мејл)

Внимавајте да ги користите истите податоци што сте ги навеле во својот Apple ID, бидејќи тоа е нужно за валидација. Серискиот број на уредот можете да го пронајдете на својата iCloud сметка или во Поставките на самиот уред.

Кога сето тоа ќе го направите, ви преостанува само да чекате. На Apple му се потребни неколку денови за одговор, бидејќи го проверуваат секое барање, потоа го прифаќаат или одбиваат, а дури потоа ги испраќаат резултатите во ZIP фајл.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!