imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Преземете ја апликацијата Google за iMessage


Апликацијата Google е надградена и отсега е интегрирана во iMessage, што многу ќе го олесни префрлањето од Safari во Messages. Ќе ви покажеме колку е корисна оваа нова екстензија на Google.

Никогаш не ми било јасно по што е посебна апликацијата Google, бидејќи во Safari можете да правите се што ви треба. Што ќе ви е посебна апликација за пребарување? Но по интеграцијата со Messages, апликацијата Google доби целосно ново значење.

Интеграцијата на различните апликации со Messages стана достапна со iOS 11, а требаше време да се привикнеме на тоа. Во продавница овие услуги за допишување можете да ги пронајдете на илјадници апликации, како игри, стикери и сл.

Постои YouTube екстензија која ги покажува претходно гледаните видеа или Say It With Music на Spotify кој ви дава песни за различните пораки. На мене најдрага апликација ми е OneDrive за iMessages, бидејќи ми овозможува испраќање на било кој фајл во облак со само еден клик.

Ако на својот уред веќе ја имате инсталирано апликацијата Google, со време ќе ја видите како iMessage екстензија. Google овозможи користење на својата апликација во iMessage идентично како да се работи за самостојна апликација. Ако барате место каде што ќе отидете на ручек со пријател, не треба да отворате нова апликација. Исто така, достапно е и пребарувањето на GIF-ови, па ни овие анимации повеќе не треба да ги барате преку некоја друга апликација. Ова решение на Google е едноставно и корисно, па се исплати да се испроба.

Бесплатно преземете го Google од App Store (iPhone, iPad)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.