imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Пресудата на 32-битните апликации доаѓа и на macOS


Сега повеќе го нема она “Ќе го направам тоа утре” за мрзливите програмери на апликации: од сега корисниците точно ќе знаат доколку дадената апликација сеуште не добила 64-битна конфигурација и истата нема да биде компатибилна со macOS наскоро. Сепак корисниците ќe имаат доволно време да најдат алтернатива.

Apple претходната година го исчисти целосно iOS App Store, тие ги повлекоа сите стари и запоставени апликации кои не беа надоградени на со 64-битна конфигурација. Нивната постапка во 2017 година за прв пат резултираше со намален број на апликации во App Store. Новите правила се и те како добредојдени откако ги исчистија сите бескорисни апликации.

Apple ги предупреди сите macOS програмери дека доколку не се придржуваат со новите регулативи ќе треба наскоро да го напуштат Mac App Store. Вчера повторно излезе ново предупредување и по се изгледа дека сценариото ќе биде потполно исто.

Со последната надоградба на macOS High Sierra 10.13.4, за прв пат корисниците кои ќе вклучат апликација која нема 64-битна конфигурација ќе добијат известување дека нивната апликација не е оптимизирана за нивниот Mac.

Како потсетување, новите апликации кои се предадени во Mac App Store ќе мора да бидат поддржани со 64-битна конфигурација со почеток во јуни 2018. Доколку дистрибуирате апликации за Mac надовор од Mac App Store ние Ви предлагаме истите да ги надградите бидејки во спротивно корисниците нема да бидат во можност истите да ги користат во иднина.

via GIPHY

Во суштина ќе се случи истото како и со iOS: оние програмери кои сеуште ги немаат надоградено нивните апликации сега веќе нема да можат ништо да скријат од нивните корисници, а корисниците ќе имаат доволно време да ја променат апликацијата што ја користат со друга.

Вие не треба многу да се грижите по ова прашање, постојат многу мали шанси дека Вашите апликации нема да го исполнат овој критериум, но и да дојде до истито Вие ќе бидете известени и ќе можете да проверите.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!