imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Претставен iOS 11


Како и обично, на годинашниот WWDC, Apple ја претстави најновата верзија на својот оперативен систем, iOS 11. Бета развојната верзија е достапна од денеска, но за официјално објавување ќе мораме да стрпиме до претставувањето на новиот iPhone, што се очекува оваа есен. Повторно додадоа многу нови карактеристики, а нивниот преглед ви го донесуваме во овој текст. 

Програмата почна со смешно видео, кое на суптилен начин покажа колку многу зависи од програмерите, луѓето на кои всушност им е наменет WWDC. Apple е горд што има 16 милиони програмери кои развиваат апликации, а тој број забрзано расте од ден во ден.

На конференцијата дојдоа посетители од 75 земји, а најмлад е 10-годишниот Yuma, кој почна да се занимава со програмирање уште како шестгодишник. Денес има дури пет апликации во App Store. После него следува најстариот регистриран програмер, кој има 82 години.

На самиот почеток на презентацијата, Тим Кук предвиде дека овој WWDC ќе биде најдобар во историјата на одржувањето на конференцијата. Не мислиме дека претерува, бидејќи веднаш се гледа дека не очекува спектакл.

iOS 10 е обележан со 96% задоволство и 86 проценти проширеност. Моментната верзија на Android, број 7, стои на 7 проценти, а Тим Кук е доволно дрзок да се пошегува за таа разлика, со огромна насмевка на лицето.

Messages

Конечно, конечно, КОНЕЧНО! Пораките ќе бидат синхронизирани и ќе можат да се постават на iCloud: сите наши стари пораки ќе можат таму да се сместат. По iOS 11 повеќе нема да има проблеми со прегледување на старите пораки на новиот уред. Ќе бидат компресирани за да заземаат што помалку простор. Тоа е она што им треба на луѓето, а не нова понуда на стикери.

Apple Pay

Ова е прва валута на допир на светот. По пат на оваа функција ќе можете меѓусебно да плаќате на eBay – штета што оваа опција услуга не е достапна во целиот свет. Претставени се транскации меѓу корисниците по пат на iMessage. Apple ќе ја објави оваа опција за плаќање за поголем дел од апликациите за допишување, на пример за WeChat, најпопуларната апликација во Азија. Се надеваме дека наскоро ќе биде достапна и во Европа.

Siri

Виртуелната помошничка на Apple моментно се користи на 375 милиони уреди, на 21 јазик, во 36 земји. Од Apple тврдат дека многу работеле на нејзиниот иговор, па Siri сега ќе може да користи различни тониови за изговарање на ист текст, со што нејзиниот вештачки говор ќе звучи поприродно. Ни резултатите на пребарувањето веќе нема да бидат исти, бидејќи во различни ситуации Siri ќе може да прикажува различни резултати за исти прашања, а се на темел на вашиот вкус.Се уште е во бета верзија, а ќе може и да преведува и чита готов текст на глас. На пример, ќе можете да ја прашате како да резервирате маса за двајца на кинески, а вашиот мобилен потоа ќе разговара со келнерот кој не знае англиски. Прво ќе биде достапна за најпознатите светски јазици, што за жал, значи дека нема да биде достапна за поголемиот дел од останатите.

И алгоритмите за машинско учење на нашата асистентка добија надградба: сега контекстот и корисничкото однесување ќе имаат влијание на резултатите. Но, тоа не е се! Siri ќе се пресели на сите ваши уреди. Тоа значи дека она што ќе го научи на вашиот iPad, ќе може да го примени на вашиот iPhone.Овие надградени алгоритми се најавени со спектакуларен пример. Имате сеќавање на Рејкјавик, што се го гледале во Фотографиите. Отсега па натаму, ќе гледате нови текстови врзани за оваа тема, а кога ќе одлучите тоа да го поделите со своите пријатели, новата предвидувачка тастатура во апликацијата Messages ќе ви помогне точно да ги напишете имињата на сите исландски вулкани.

Камера

Дневно се снимаат отрпилика еден билион фотографии. HEVC ќе го замени H.264 кодирањето поради подобро компримирање. Во тој контекст, Appl објавува и Depth API.

Има и други функции. Live фотографиите отсега ќе бидат попаметни, па се надеваме дека ќе можат да ги користат поголем број корисници. Благодарение на iOS 11, ќе можете да направите една слика од Live фотографиите, а потоа да ја поставите бесконечно да се врти, како GIF-овите. Уште повозбудливо е тоа што од нив ќе можете да изработите и долга слика со прилагодба на брзината на блендата.

Контролен и известувачки центар

Контролниот центар отсега ќе бидде само една страница, со многу попроѕирно опкружување. Иконите во потполност ќе бидат редизајнирани. Сега имаме склопки, лизгачи, а копчињата ќе бидат пошироки. Ќе треба да се навикнеме на тоа, но се чини дека ќе биде во ред. Никој не ја споменуваше прилагодбата според корисничките желби, но не очекуваат уште 3D функции, а ќе можете да и пристапите на секоја функција засебно – на пример, кога слушате музика.

Модифициран е изгледот на Lock Screen и центарот за известување. Сега се поврзани во една целина. Ќе бидат попропусни, а отсега ќе можете да ги видите и претходните известувања. Ако често ги користите, ова ќе го сметате за одлично подобрување. Единствено прашање е како ова ќе функционира во пракса.

Apple Maps

И мапите добија надградба. Ќе можете да видите каде треба да се пријавите на аердромите и слично. Отсега ќе се прикажува и ограничување на бзрината на сите патишта при користењето на навигација.

Apple навистина се посвети на возењето. iPhone ќе препознае кога сте поврзани со автомобилот по пат на Bluetooth или WiFi, а ако сте овозможиле поврзување на прва, ќе го вклучи начинот на работа Без попречување во текот на возењето. Всушност ќе ги блокира сите известувања. Нема да има изненадни известувања или звуци кои би можеле да му пречат на возачот во текот на возењето. Се сомневаме дека сите ќе ја користат таа функција, но на Apple навистина му е до посигурно возење.

Apple Music

Тука не е додадена некоја голема надградба. Претставена е социјалната употреба, која можеби им е позната на корисниците на Spotify. Така ќе можете да видите што слушаат вашите пријатели. Доаѓа и Music Kit: апликациите на другите производители, како Nike+ Run Club или Shazam, исто така ќе бидат достапни преку услугата за стриминг. HomeKit сега ќе има поддршка и за звучници благодарение на AirPlay 2 стандардите, а со помош на повеќестраната контрола, ќе може да се управува со сите поврзани звучници.

Компанијата на Кук со гордост може да тврди дека Apple Music сега има 27 милиони претплатници.

App Store

Бројките накратко: од 2008. година дојдовме до 50 милиони посетители неделно, 180 милијарди преземања и 70 милијарди исплатени на програмерите, за што веќе пишувавме. Што се однесува до развојните програмери, ќе добијат прилика да создадат серии од надградби и да ги постават одвоено онлајн, со што ќе се избегне оптоварувањето на инфраструктурата. А ќе биде и полесно да се оценуваат апликациите.

Продавницата ќе доживее и целосно преобликување на дизајнот, па очекувајте сосема поинаков изглед. Прегледувањето исто така ќе биде потечно и со подобри анимации и слично. Ќе биде како Apple Music: прозорец со дневни новости, игри, останати истакнати прозорци и препораки на темел на личните интереси.

Под капакот на автомобилот

Нема да почувствуваме многу повеќе промени, но Apple објави многу API што ја користат вештачката интелигенција, наечена Core ML., Vision API за препознавање на лицата и Natural Languages API, што им дава на програмерите пристап до јазичните опции.

Apple конечно презема нешто на полето на проширена реалност. Досегашните нагаѓања се покажаа како точни и програмерите ќе добијат ARKIt и API за следење на движењето. Демонстрацијата беше генијална. Сега ќе имаме динамично сенчење, шокантни вселенски битки и други волшебства. За тоа да функционира одлично, нужно е сите сензори совршено да работат. Сепак, на оваа тема сигурно ќе и се вратиме со iPhone 8.

Тоа се сите нови функции. Се на се, ги има доста. Иако штета е што не добивме функции како Dark Mode и прилагдлив Контролен Центар.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!