imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Префрлање од Android на iPhone во седум чекори


Ако во минатото размислувавте за префрлање од Android телефон на iPhone, имаме добри вести за вас: процесот е многу лесен. Можете да ги префрлите личните податоци од вашиот стар телефон на нов iPhone за неколку секунди, без никаква загуба. Префрлање од Android на iOS во седум лесни чекори.

Бидејќи Apple во последнитe неколку години објави многу видеа за префрлање од Android на iPhone, мислевме дека би било добро за сите кога малку би го освежиле помнењето, бидејќи многумина можеби не знаат за апликацијата Move to iOS. Со помош на оваа апликација, во неколку едноставни чекори можете да ги копирате своите драгоцени податоци од стариот уред, вклучувајќи ги и контактите, е-поштата, ознаките итн.

Пред се, ажурирајте го својот Android уред на најновата верзија на Android (Android 4.0 или понов), и истото би требало да го направите и со новиот уред. Ако купувате нов iPhone, тоа нема да биде проблем; но ако користите постар телефон, секако проверете дали iPhone-от работи на iOS 9 или подоцнежна верзија. Преносот на податоци нема да работи на оперативни системи постари од iOS 9, што исто така значи дека системите со укината поддршка нема можат ова да го направат.

Преземете ја апликацијата Move to iOS од Google Play продавницата, поврзете се со WiFi мрежа и за секој случај приклучете го својот уред на полнач. Би можело да се случи да заборавите на податоците што ги сместувате на SD картичката, што можат да бидат преголеми за да бидат пренесени на новиот iPhone, но не се грижете, можете да изберете еден под еден, кои ставки сакате да ги копирате, а кои не сакате. За процесот на пренос, вратете го вашиот iPhone на фабричките поставки. Ако веќе сте се одомаќиле на вашиот телефон, и сакате потоа да пренесете податоци, направете сигурносна копија на податоци што подоцна можете да ја вратите.

01_switching_from_android_to_iphone_in_seven_steps (1)

 

  1. Вашиот прв чекор по враќањето на фабричките поставки е поставувањето на iPhone како нов iOS уред и избирање на опцијата Move Data from Android. Еднаш кога ќе го поставите iPhone и ќе ја изберете погрешната опција, ќе морате да почнете одново, но вашите податоци би требало толку да вредат.
  2. Отворете ја Move to iOS апликацијата на стариот телефон. Единствената работа што треба да ја направите е да ги прифатите Условите на користење, а потоа побарајте го контролниот код за стартување на преносот.
  3. Во меѓувреме, вратете му се на iPhone и почекајте додека не се појави кодот. Би требало да примите комбинација на броеви од 6 до 10 знаци. Внесете го кодот во вашиот стар телефон и причекајте на екранот да се појави Преносот на податоци.
  4. Тука можете да изберете кои податоци сакате да ги пренесете, на пример е-пошта, контакти, слики, видеозаписи, ознаки, календар, историја итн. Преносот може да потрае, и ако домашната WiFi мрежа е прилично бавна, исто така можете да правите нешто корисно. Времето потребо за пренос може да се промени во зависност од брзината на интернетот и големината на податоците што ги пренесувате. Не го прекинувајте процесот на пренос под било кои околности, дури и ако еден од учесниците покажа дека завршил.
  5. Move to iOS апликацијата ќе ги копира сите апликации што биле користени на Android уредот, односно, ако истите се наоѓаат во App Store (иако во 99 проценти од случаите, се се случува таму). Сепак, апликациите кои не се бесплатни нема да бидат преземени, туку ставени на вашата iTunes листа на желби. Ако сакате да продолжите да ги користите овие апликации, ќе морате повторно да ги купите.
  6. Кога ќе видите дека преносот е завршен на двата телефона, продолжитепонатаму со поставувањето на iPhone-от и завршете со поставување на телефонот.
  7. За да бидете сигурни, проверете дали сите податоци се сигурно пренесени. Ако не се, можете да ги додадете ставките кои недостасуваат по пат на iTunes.
Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!