imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Прикажете ги скриените апликации во App Store


iOS 11 во целост го обнови дизајнот и основите на App Store, кој стана многу подобар. Во текот на потрагата по решение на споменатиот проблем, пронајдов многу интересен феномен. Еве како можете да ги прикажете скриените апликации во App Store.

Ако имате апликација која навистина ви пречи или е застарена и не е компатибилна со iOS 11, тогаш многу лесно можете да се ослободите од претходно преземената апликација на листата на Купени апликации. Се што треба да направите е да влезете во App Store, да ја изберете вашата сметка во горниот десен агол и да ја внесете листата на Купени апликации. Ако повлечете налево на секоја ставка, ќе се појави опцијата ‘Hide’.

Тоа е лесно како ABC. Но, кога собравме се ште треба да се знае за неподдржаните апликации, дојдовме до истата точка и се појави прашањето: како повторно да се прикажат скриените ставки на листата? Одговорот е едноставен: никако, ако сте продолжиле со надградба на верзијата на вашиот софтвер во изминатите неколку години.

Во основа, немаше опции за тоа во iOS. Претходно, моравте да користите iTunes за тоа. Во App Store, постоеше картичка која беше посебен оддел за Скриените купувања. Тука можевте да ги наведете сите скриени апликации и да ги вратите. Меѓутоа, по iTunes 12.7 или во најновата верзија на macOS-a High Sierra овие опции во целост исчезнаа од App Store.

Можете да се навикнете на тоа, но никој не знае зошто оваа опција толку им пречеше на програмерите на Apple што во целост ја остранија.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!