imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Пристигнаа навистина бизарни концепти на закривениот iPhone


Веќе ви претставивме некои дела на Martin Hajek, дизајнерот кој одлично ги познава трендовите и многу лесно може да ги виртуелизира уредите на Apple за кои кружат гласини. Еве како го замисли закривениот iPhone.

Информациите на Gurman за закривениот iPhone на иднината само што излегоа во јавноста, но Martin Hajek веќе направи многу концептуелни прикази за него.

Новинарот на Bloomberg, Mark Gurman дозна од своите извори дека во 2021. година се очекуваат значајни промени во функционалноста и дизајнот на iPhone. Овие предвидувања всушност звучат реално, бидејќи тогаш iPhone X – последниот модел со целосно нов дизајн – ќе наврши четири години, па освежувањето ќе биде пожелно.

Најголемата промена се очекува во самиот облик на уредот – според наводите на Gurman, Apple работи на уред закривен по должина, во форма на буквата C. Екранот на уредот не би требало да биде преклопен преку рабовите, како во случајот на конкурентските модели. Поради тоа е сосема логично што таквите бизарни вести сега е надополнети со уште побизарни фотографии.

Hajek посегна за легендарната „банана” Nokia 8110 како инспирација. Овој модел е своевидна икона на поп културата, а последен пат се појави во филмот Matrix. Значи, на приказите гледаме закривен уред со преклоп за копчињата, кој во овој случај би можел да ги штити виртуелните копчиња од непознати опасности.

Ова се повеќе шеговити форографии отколку сериозни концепти, па нема шанси Jony Ive некогаш да одлучи да дизајнира нешто слично. Фала му на небото за тоа!

Еве ги тие ужасни креации:

Извор: iDrop News

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.