imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Пристигнаа новите emoji на Apple!


Денешниот Светски ден на emoji го инспирираше Apple да ни даде мал увид во оние 70 emoji кои ќе ги претстават оваа година. Подгответе се за ослободени емоции!

Unicode Конзорциумот уште во февруари соопшти дека Unicode верзијата 11.0 исто така ќе го претстави 11.0 издание на emoji, што за нас значи 157 нови емотикони. 70 од нив ќе бидат целосно нови ликови, додека останатите ќе бидат само различни верзии на коса, мустаќи, боја на кожата итн.

Ќе има доста нови фризури: портокалови, виткани, бели, ќелави, млади; се што би посакале. Жешко и студено лице, Superman и Superwoman против супер-злосторниците, emoji за плетење и шиење, како и emoji за оние кои фрлаат фризби, играат шах или пак возат скејтборд. Нови животни како клокан, папагал, лијама, нилски коњ и ракун. Вклучени се и нови оброци (пециво, манго, мафин), заедно со новите предмети како апарати за гасење пожар, тест-tube, тоалетна хартија и сунѓер. НЕВЕРОЈАТНО!

17. јули е обележан како најголем настан во календарите на сите кои навистина и припаѓаат на Генерацијата Z, Светскиот ден на emoji (кој навистина ги измислува овие светско денови?!). Во склад со тоа, Apple ни даде мал увид во нивната имплементација на новите емотикони Emoji 11.0 Па, да погледнеме некои од нив:

И повеќе околку преубави. Пред да се приклучите на омразата, мораме да додадеме дека овие emoji се развиени од Unicode и дека Купертино само ги имплементира најновите стандарди кои ги содржат сите овие emoji. Тоа не е причината поради која замина Steve Jobs замина и тоа не влијае на цената на новитр уреди.

Меѓутоа, и покрај нашите најдобри намери, навистина не можеме да му честитаме на Apple на денешните промените што ги направи на официјалната веб-страница. Ги заменија портретите на сите директори со Memoji фотографии. На вам е да одлучите дали е тоа смешно или едноставно патетично…

Извор: MacRumors 1, 2

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.