imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Пристигна огромна надградба за VLC


VLC е еден од оние програми што не треба да му се претставува на никој кој некогаш користел компјутер со било кој оперативен систем. Овој викенд лансирана е верзијата 3.0, која сигурно ќе им обезбеди опстанок на врвот.

VLC ги содржи сите предности на интернет во една програма. Целосно е бесплатен, нема професионални верзии, а сите изданија се без реклами. Неговите програмери никогаш не ни побарале ни денар, што е навистина убаво. Можеби не се работи за највносна работа, но зад оваа програма стојат волонтери.

Понатаму, изворниот код му е отворен, па лесно можете да го копирате, делите, уредувате или расклопувате на прости фактори. А што е можеби најважно, универзален е – официјално функционира на сите платформи и оперативни системи. Освен Linux, Android, Windows и macOS, има поддршка и за Windows Mobile, без оглед на тоа што овој систем веќе некое време е мртов. Тоа е сосема ново ниво на покриеност на повеќе платформи. А да не споменуваме дека ја нема таа екстензија која не може да се отвори во VLC. Има поддршка за многу видови фајлови, брз е и едноставен.

Како што јасно се гледа, го сакаме VLC, дури и со неговиот малку застарен дизајн. А по надградбата 3.0, Vetinari, лансирана овој викенд, ќе го сакаме уште повеќе. Со неа пристигнаа многу нови функции, но корисниците можеби нема сите да ги воочат – VLC е секогаш чекор пред останатите, па плеерот сега има поддршка за формати кои се појавија неодамна (но кои сите ќе ги користиме за неколку години), како видео од 360 степени или оние во 8K формат. А конечно добивме и дизајн со рамни икони на macOS!

Еве ги основните нови функции:

  • зададено хардверско декодирање за 4K и 8K видеа,
  • поддршка за iPhone X и Face ID,
  • видеа од 360°,
  • 3D аудио,
  • HDMI излез,
  • поддршка за Chromecast,
  • Blu-ray Java менија,
  • 10 бит и HDR,
  • поддршка за NAS и
  • поддршка за SMB, FTP, SFTP и NFS.

Внимавајте, ова е само врвот на понудата. Би требало да ја промениме годишната залиха на тонери за да ги испечатиме сите новитети. Ако во било кој случај не сте запознаени со VLC, но сакате да го испробате, бесплатно преземете го во App Store за iOS или од официјалната страница на VLC за macOS.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.