imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Пристигна JBL Flip 4


После два месеци чекање за да пристигне JBL Flip 4 bluetooth звучникот, кој беше претставен на CES 2017 во Las Vegas, конечно пристигна и кај нас на тестирање.

Како добитник на “CES Innovation Award 2017” наградата, дочекан беше со строги критериуми за тестирање. После сите генерации на Flip преносните звучници бевме воодушевени со јасниот и импресивен звук, секој нов модел ги поместуваше нашите граници на очекувања. Новиот Flip со себе носи и нови функции кои детално ги тестиравме. Па да погледнеме како се покажа овој звучник.

Главната карактеристика на која сме навикнати кај JBL преносните звучници како што се Clip 2 и Charge 3 е водоотпорноста. Овој модел има IEC стандард IPX7, што значи дека Flip 4 може да издржи потопување во вода до 1m длабочина во времетраење од 30 минути.
Претходните денови Flip 4 се покажа и те како распеан пријател за време на прошетка по дожд. Со што ни потврди дека неговата водотпорна ткаенина штити од временски “неприлики”.

lifestyle1-1

Литијум-јонската батерија од 3000 mAh овозможува 12 часа работење без престан, што зависи од јачината на звукот и аудио содржината. Интересно е тоа што на Flip му се потребни 3,5 часа за да се наполни целосно.

Новата карактеристика која за прв пат беше издадена на пазарот од Harman корпорацијата е JBL Connect+ опцијата за поврзување на повеќе преносни звучници. Посебно внимание посветивме на тестирање на новата можност за поврзување на повеќе од 100 JBL 4 звучници. За тестирањето конектиравме 8 JBL Flip 4 звучници распоредени насекаде во една просторија и добивме феноменлно озвучување.

05

За поврзување на повеќе звучници можете да ја превземете бесплатната апликација “JBL Connect” од App Store или Play Store.

Едниствен проблем на кој наидовме се кратките прекинувања помеѓу звучниците, кога беа оддалечени на повеќе од еден метар. Преќинувањата се случуваа во случај на контрола над звучниците преку апликацијата. Добрата особина е што за да управувате повеќе Flip 4 звучници не мора да ја користете апликацијата. Доволно е да притиснете “JBL Connect+” на секој Flip звучник, а потоа сите звучници ќе се поврзат во “party mode” со кој совршено ќе работат. Како дознаваме во наредниот период се очекува нова апликација со која не би требало да доаѓа до горенаведените проблеми.

Апликацијата “JBL Connect” можете да ја користете за поврзување на два Flip 4 звучници во стерео систем. Преку апликацијата имате да изберете кој звучник ќе биде лев, а кој десен што е многу јасно графички прикажано.

06

Покрај JBL Connect+ опцијата, Flip 4 ви нуди можност за истовремено поврзување на два паметни телефони. Оваа функција овозможува најизменична репродукција на звук од два поврзани телефони со Flip звучникот.

Flip 4 звучникот има неколку клучни функции кои според нас треба да ги поседува секој bluetooth звучник. Помеѓу другото има и вграден микрофон кој може да се користи за hands-free повици како и повикување на виртуелните “Siri” ili “Google Now”. Разговорите преку звучникот се кристално јасни поради фунцијата за поништување на околниот шум или ехо ефектот.

lifestyle2-1

Како и неговите претходници, JBL Flip 4 има опција да ја покаже јачината на бас-от и да го исполни просторот со добри вибрации. Пасивните бас мембрани на двете страни на Flip звучникот ќе Ви демонстрираат колку е јак овој мал преносен звучник. Кога веќе збориме за големината на Flip 4, неговите димензии се 68 x 175 x 70mm, а тежината изнесува 515 грама.

Flip 4 сега доаѓа во 6 различни бои додека во наредниот период можеме да очекуваме и модел во повеќе бои. Најголемото изненадување е белата боја, која според нас дава впечатлива разлика и слика на минимализам во споредба на друѓите понудени бои.

09

Променето е и пакувањето со модерен изглед, направено со фини детали со кои ќе се сретнете при отворање на пакувањето.

11

Flip 4 е совршен сопатник кој е направен за секаква врста на патување и погоден за сите временски услови. Најголемата предност при купување на Flip 4 звучникот е соодносот на цена и квалитет. Цена која е нешто помалку од 8.000 МКД, Flip 4 спаѓа во групата на мал број преносни bluetooth звучници со толку многу можности и карактеристики.

JBL Flip 4 преносниот звучник можете да го купите на следниот ЛИНК.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!