imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Пристигнува нов процесор за iPhone


Според најновиот извештај од Bloomberg, тајванскиот TSMC почна со масовно производство на новите A12 чипови кои работат на 7 nm технологија.

Тајванската компанија TSMC (Taiwan Semiconductor Manufacturing Company) уште во април најави дека почнува да производство на 7-нанометарски чипови. Тогаш се уште не знаевме за кого работат, но Apple беше еден од потенцијалните нарачители. Ако информациите на нашиот единствен доверлив пророк на Apple, Mark Gurman се точни (а обично се), новите iPhone модели ќе бидат први уреди на пазарот со оваа технологија.

Не е толку важно да се биде прв, бидејќи конкуренцијата ќе ги прати во чекор и наскоро сите ќе имаат 7-нанометарски чипови. Меѓутоа, оваа промена би можела да биде значајна во поглед на перформансите на процесорите, кои би можеле да се зголемат и за 40 проценти. Веќе пишувавме за оваа технологија.

Чворовите се изработуваат со процес наречен CLN7FF, кој се заснова на DUV (Deep Ultraviolet) литографија. Најголемата предност во тоа е што таквиот процес е компатибилен со постоечката опрема, но поради повеќестраните примероци, проектирањето и производството траат подолго. Процесот CL7FF+ тоа ќе го подобри; CLN7FF+ е нешто понапреден, а се работи за EUV (Extreme Ultraviolet) литографија. Ќе биде достапен од средината на 2019. година и поради тоа нема да влијае на годинашната генерација iPhone.

Благодарение на CLN7FF, TSMC ќе може да ги испорача првите поголеми серии во втората половина на 2018. Бидејќи новата генерација на iPhone ќе пристигне отприлика во исто време, постои голема веројатност уредите на Apple да бидат први уреди на пазарот кои ќе имаат 7-нанометарски процесори. Нивната водечка позиција веројатно нема да трае вечно, со оглед на тоа дека Qualcomm исто така напорно работи на тоа. Но, би било навистина кул кога оваа технологија би ја добиле оваа есен.

Ова очигледно не е единствената нова технологија која би можела да биде претставена со новите iPhone уреди. Наводно, сите годинашни модели би можеле да добијат поддршка за Face ID, со TrueDepth систем на камера, потоа екран од раб до раб и управување со гестикулации наместо со Home копчето.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.