imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Програма за сервис на тастатурата за Macbook и MacBook Pro


Apple заклучи дека пеперутка тастатурата во одредените модели на MacBook и MacBook Pro може да создава проблеми. Сега во рамките на Keyboard Service програмата (програма за сервис на тастатурата) можете бесплатно да ја поправите својата тастатура. Следат детали.

За што се работи?

Apple утврди дека тастатурите на одредените модели на Macbook и MacBook Pro можат да го искусат еден од следните проблеми:

  • Буквите и знаците неочекувано се повторуваат.
  • Буквите и знаците не се појавуваат.
  • Некои копчиња се “лепливи” и не реагираат доследно.

За да пронајде решение, Apple или авторизираниот давател на услуги на Apple бесплатно ќе ги поправи соодветните модели на Macbook и MacBook Pro, при што деловите или целата тастатура ќе бидат заменети.

Дали јас го остварувам тоа право?

Да, под услов да го имате еден од следните модели на Macbook или MacBook Pro и ако сте доживеале некој од споменатите проблеми:

  • MacBook (Ретина, 12-инчи, рана 2015.)
  • MacBook (Ретина, 12-инчи, рана 2016.)
  • MacBook (Ретина, 12-инчи, 2017.)
  • MacBook Pro (13 инчи, 2016., два Thunderbolt 3 влеза)
  • MacBook Pro (13 инчи, 2017., да Thunderbolt 3 влеза)
  • MacBook Pro (13 инчи, 2016., четири Thunderbolt 3 влеза)
  • MacBook Pro (13 инчи, 2017., четири Thunderbolt 3 влеза)
  • MacBook Pro (15 инчи, 2016.)
  • MacBook Pro (15 инчи, 2017.)

Напомена: услугата на бесплатна поправка на тастатурата се однесува само на овие производи.

Што морам да направам?

  • Донесете го својот уред во единствениот iSTYLE сервис во Skopje City Mall и побарајте помош од нашите колеги.
  • Како и обично, направете сигурносна копија на податоци.
  • Кога тоа ќе го направите, сервисерите ќе проверат дали треба да заменат одредени делови од тастатурата, или пак целата тастатура – поправката ќе се изврши врз основа на тие информации, и зависно од достапните компоненти.
  • Важно е да се напомене дека ако вашиот уред има било какви други оштетувања кои ја отежнуваат или оневозможуваат сигурната поправка, најпрвин треба да се отстранат. Меѓутоа, овие трошоци не се покриени со оваа програма.
  • Исто така, поправката на механички оштетените тастатури не е вклучен во оваа програма.

Дополнителни информации

  • Оваа програма не е врзана со стандардната гаранција на вашиот уред.
  • Програмата се однесува на соодветните модели на MacBook и MacBook Pro до четири години по првата продажба на овие уреди.
  • Во случај веќе претходно да сте го поправиле својот уред, обратете се до поддршката на Apple и побарајте враќање на трошоците на оваа поправка.

Во случај да имате било какви прашања, слободно обратете ни се во коментарите и ќе ви одговориме најбрзо што можеме.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!