imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Продавницата во која можете да „крадете“ ги отвори вратите


Денеска Amazon Go – експерименталниот супермаркет – ги отвори своите врати и навистина го реинтерпретираше значењето на купувањето. Едноставно влегувате во продавница, го ставате сето она што ви треба во кошничката и излегувате без било какво плаќање. Добредојдовте во 2018!

Се сеќавам кога прв пат слушнав дека Apple престанал да става сигурносни кабли во своите новоуредени продавници. Како ќе ги спречат кражбите кои понекогаш се случуваа дури и во стариот систем, иако тој беше опремен со скриени камери?

Трикот е во посебната верзија на iOS/macOS. Таа ги оневозможува купувачите да постават лозинка или почетен екран, а Mac уредите се враќаат на фабричките поставки по повторното стартување. И што е уште поважно, сите уреди стануваат бескорисни на одредена оддалеченост од продавницата. Тоа е во основа вграден “kill switch”, кој се активира штом уредот ќе се најде вон дометот на мрежата на продавницата.

Тоа резултираше со многу пријателско и директно шопинг искуство каде што луѓето можат да кружат низ продавницата со саканиот уред во рака и да испробуваат разни маски на него или да го стават во џеб, за да видат дали им одговара.

Amazon сега откри нешто многу слично во својата прва експериментална продавница Amazon Go. Технологијата зад продавницата е апсолутно неверојатна.

Концептот на Amazon Go е луѓето едноставно да влезат во продавницата, да ги земат саканите артикли од полицата и да заминат без плаќање. Секако, тоа не значи дека се е бесплатно, нивната Amazon сметка ќе се товари за сите работи што ги земале при излегувањето од продавницата. Но, како е тоа можно?

На влезот во супермаркетот на иднината се наоѓа врата за пријава. Тука корисниците само би требало да се најават со сопствените QR-кодови кои ги генерира посебна апликација. Неколку стотина камери го посматра секој нивни чекор. Камерите знаат што гледаат корисниците, што земаат од полиците и што враќаат на нив. Тоа е целосно истиот систем кој го користат и самовозечките автомобили. Компјутерски вид, алгоритми на длабочинско учење, сензорска фузија, RFID и така натаму. Amazon тоа едноставно го нарекува “технологија само излезете”.

Секако, прилично е важно да се има беспрекорен систем. Не е добро ако на своите купувачи по грешка им наплатат повеќе, ниту пак ако наплатат премалку и со тоа создадат губиток за компанијата. Поради тоа, Amazon веќе 5 години ја усовршува оваа технологија и имаа многу шанси да ги испробаат сите случаи.

Меѓутоа, на неколку едноставни прашање се уште не е одговорено: што би се случило кога би сакале да купите нешто што е потребно да се измери – на пример, овошје. Што се случува во случај во продавница да дојдете со семејството, а мама и тато сакаат сите артикли да ги стават во една “заедничка торба”? Бидејќи Amazon Go денеска ги отвори своите врати, се надеваме дека наскоро ќе ги добиеме одговорите на овие прашања.

Засега, постои само една продавница со оваа технологија и се наоѓа во Сиетл, па уште некое време ќе мораме да задоволиме со продавниците на сме навикнати. Се кладиме дека ако технологијата на Amazon биде одржлива, дека ќе бидат толку љубезни и ќе “позајмат” и на други, а продавниците кои работат на истата идеја ќе почнат да се појавуваат насекаде.

Извор: Recode

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.