imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Протекоа многу информации за HomePod


Веројатно очекувавте во поресрет на лансирањето на HomePod да почнат да протекуваат се повеќе информации за тој уред. Па, бевте во право – во овој случај iOS откри многу работи за паметниот куќен звучник на Apple. И ќе биде одличен!

Сигурно се сеќавате на минатиот август, кога во софтверот на HomePod беа откриени многу информации за силно очекуваниот iPhone X. Дојде време за реванш – сега iOS е виновен за протекување на неколку информации за долгоочекуваниот, но се повозбудлив HomePod. Исто така, француската екипа тестери не можеше да го држи јазикот за заби.

Програмерот за iOS, Filipe Espósito детално го погледна кодот на неодамна објавената бета верзија на iOS 11.2.5. Многу го изненади фактот дека некој од Apple успеал да ги избрише сите разоткривачки податоци од .asset фајловите на Home апликацијата и така овозможи да видиме многу икони, кои ни најавуваат многу работи за звучникот.

Се чини дека корисниците ќе можат да постават различни „сценарија“. Секако, сето ова се само нагаѓања врз основа на сликичките, но би можеле на пример да имаме забавен, театарски и матурален начин на работа. Меѓутоа, можеби најважната икона е со пречкртан микрофон.

Таа сугерира дека корисниците можеби ќе можат да ја исклучат „always on“ функцијата на виртуелната помошничка. Сепак, така би се исклучила и функцијата „Hey, Siri“, но убаво е да се знае дека можеме да имаме приватни разговори без љубопитните уши на секогаш присутната помошничка. Не е тоа лоша идеја.

Како да сето ова не е доволно, францускиот iGeneration откри два скриншота од вработените на Apple кои малку се заиграле. За разлика од Apple Watch, се чини дека HomePod нема да има своја апликација, туку дека неговите функции ќе бидат вградени во апликацијата Home.

Така ќе ги имаме опциите за прилагодување на брзината на говорот, осетливоста на екранот на звучникот и звучните ефекти, и вклучувањето и исклучувањето на LED панелот. На сликата (веројатно) гледаме како изгледа горниот дел на звучникот без приказот на анимацијата на Siri во облик на бран.

За крај, двата извора потврдија дека со HomePod би можеле да управуваат различни корисници. Уредот, исто така, би можел да препознава гласови од различни лица и да одговара на прашања прилагодени за одредени корисници. Главниот корисник – лицето чиј Apple ID ќе биде поврзан со уредот – би можел единствен да може да испраќа пораки, додека останатите би можеле само да управуваат со поставките за музика.

Според аналитичарите на GBH, HomePod ќе биде лансиран во февруари. Оваа информации треба да се земе со зрнои сол, но фактот дека FCC го одoбри уредот и оди во корист. Да се сетиме дека и iPhone X беше лансиран еден месец по набавување на сите дозволи.

Возбудувањето се повеќе расте и едвај чекаме да ни пристигне HomePod.

Извори: 9to5mac 1, 2

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!