imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Протекоа основите на изворниот код на iOS 9


Ако секогаш сте се прашувале што крие Apple во својот трезор, сега е идеална прилика да фрлите око на деловите на изворниот код на iOS. Според некои стручњаци, ова би можело да биде „најголемото протекување досега” и тоа со сериозни последици. Дали треба да се плашиме?

Анонимен корисник постави клучен дел од изворниот код на iOS 9, таканаречена iBoot низа, на популарната страница GitHub. Се испостави дека некое лице со прекар apple_internals веќе ја направи истата работа на Reddit, но таму никој не обрнуваше внимание. Меѓутоа, несомнено сега се подигна многу врева. Да погледнеме што дознавме!

iBoot содржи bootloader – односно програма за вчитување на системот – системот на Apple попознат како BIOS на iOS. Кога ќе го вклучите својот телефон, се одвиваат многу скриени процеси, додека вие на екранот го гледате само логото на Apple. За почеток, се покренува код сместен во UEFI Boot ROM, со кој се активира хардверот и кој го избира оперативниот систем. Во следната фаза се активни две компоненти (Low-Level Bootloader [LLB] i iBoot), со тоа што LLB поставува неколку фирмверски поставки и го автентицира јадрото на iOS. Ако таа задача потфрли, ќе се вклучи начинот на работа за опоравување, со кој управува iBoot.

Иако целата постапка звучи комплицирано, јасно е дека се работи за основен, но и клучен дел од кодот. Тоа е прва работа која се стартува на вашиот уред кога ќе го вклучите – тој процес го прави вашиот уред функционален, му дава живот. Токму затоа Apple го чува тој код како суво злато, а сега му нудат 200.000 долари на секое лице кое ќе пронајде било каква грешка во него.

Ако сте заинтересиран за тој хонорар, сега имате прилика да проверите кај iBoot. Меѓутоа, поголем проблем е што кодот им е достапен и на оние со лоши намери, кои сакаат да пронајдат начин да се домогнат до вашите лични податоци и да го пробијат вашиот заклучен iPhone. Имаме ли причина за страв?

Генерално речено, немаме. Сепак се работи за делови од изворниот код на iOS 9, додека денес сите ја користиме 11. верзија. Сепак, можеби постојат одредени сличности помеѓу овие два система – тоа не можеме да го знаеме со сигурност, бидејќи немаме увид во кодот на iOS 11. Без оглед на тоа, факт е дека протече само дел од кодот на iBoot, а оние делови кои недостасуваат сигурно ќе им го отежнат животот на сите хакери и на оние со лоши намери.

Мораме да додадеме дека сигурноста на iOS е многу подобрена од 9. верзија на системот. Најважните лични податоци се сместени на Secure Enclave процесорот, во кој е тешко да се влезе дури и кога ни е познат целиот изворен код. Поради тоа, нема причина за загриженост.

Зошто тогаш ова крена толкава врева? Зошто Jonathan Levin рече дека можеби се работи за најголемото протекување на информации во историјата? Првенствено затоа што се можни бројни последици. Тешко е да се предвиди кои, но веројатно внимателните очи ќе ги пронајдат грешките, кои Apple потоа брзо би можел да ги реши. Умирачкото jailbreak друштво можеби сега ќе стане активно, бидејќи откриениот iBoot би можел да отвори нова ера на пробивање во сопствените уреди за нивно подобрување.

Секако, не можеме да ја отфрлиме ни можноста дека некои вешти програмери ќе најдат начин да го сместат iOS на некој уред што не е на Apple – сетете се само на Hackintosh. Се кладиме дека екипата од Купертино би имала многу што да каже на тоа…

Извор: Vice Motherboard

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.