imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Протекоа нови делови од iPhone 8


Многу лесно би можеле да го гледаме финалниот дизајн на iPhone 8 на фотографиите не толку одамна поставени на Reddit. Според испраќачот на сликите, можете да ги видите финалните верзии на предниот и задниот дел на iPhone 7s, 7s Plus и iPhone 8 уредите.

Вестите околу годинашниот iPhone малку се смирија во последно време, но ова протекување на слики на Reddit што се случи пред неколку часа, повторно ги предизвика работите. Како што можете да видите на фотографиите, iPhone 7s и 7s Plus ќе бидат приближно исти во поглед на дизајнот спореден со сегачните модели, додека iPhone 8 најверојатно ќе има вертикална двојна камера, а на предниот дел ќе биде само екранот. Исто така, естетски незадоволувачките вдлабнатини исчезнаа од задната страна. Ако дизајнот на фотографиите е конечната верзија што ќе ја добиеме оваа есен, можно е дека Apple успеа да го интегрира Touch ID скенерот во екранот.

Предниот дел не е целосно покриен со екран, што е интересно решение – работ на екранот оди околу звучникот, предната камера и сензорите. Исто така, добро е да се обрне внимание на црната сјајна површина, бидејќи од сликите се чини дека се работи за ист вид на стакло како кај iPhone 4 и 4S, се разбира, во потенки варијации. Лицето од кои протекоа овие слики го наведе својот пријател како извор кој работи во индустријата; Кинеските производители наводно, ги добиле овие прототипови минатата недела.

Тој додаде дека не само iPhone 8, туку и iPhone 7s и 7s Plus исто така ќе имаат опција за безжично полнење. Ова исто така поддржува употреба на стаклени материјали, кои полнењето на iPhone ќе го натправат побрзо и побезбедно преку уникатната индукциска технологија, базирана на претходните патенти. За жал, не можеме да ги видиме предните страни на iPhone 7s и 7s Plus, така што лесно може да се заклучи дека нема да добијат екран од ѕид до ѕид, што значи дека ова ќе остане привилегија за iPhone 8.

Фотографиите објавени на Reddit во суштина се исти како и претходно објавените iDrop фотографии, па поради тоа помисливме дека некој можеби создал прототипи на куќиштето врз основа на овие фотографии, и дека не гледаме во конечната верзија, но шансите за тоа се прилично мали. Како и обично, мораме да напоменеме дека овие фотографии не се официјални, па поради тоа не е сигурно дека iPhone моделите што ќе излезат оваа година ќе изгледаат така, но доста сме сигурн дека оваа есен ќе видиме телефони како овие.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!