imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Протечените документи укажуваат на проект за AR очила во Apple


По грешка испратен E-mail до вработените кој укажува на тоа дека во компанијата со седиште во Купертино работата за проширената реалност е во тек. Протечените документи соддржат информации кои укажуваат на проблемите кои се појавиле за време на тест периодот. Gizmodo помеѓу другото дознава дека постојат објаснувања кои се поврзани со AR очилата.

Проширената реалност е тема на фанатиците на Apple. Никој не претпоставува каков вид на уред може да се очекува и за што би можеле да го користиме, но сепак знаеме дека Apple работи на тоа веќе долго време со се што поседуваат. Најверојатна е идејата која зборува за тоа дека iPhone ќе добие камера со вградена AR технологија, а подоцна и дека ќе може да очекуваме очила со проширена реалност. Генералниот директор на Apple, Тим Кук, постојано го кажува неговото мислење кое е поврзано директно со оваа тема, а гласи вака:

01_docs_leaking_suggest_apple_ar_glasses

Јас сум возбуден поради проширената реалност, бидејќи за разлика од виртуелната реалност која го затвора надворешниот свет, AR им овозможува на индивидуите да бидат присутни во реалниот свет, но им овозможува и подобрување на она што се случува во моментот. Многу луѓе не сакаат да се исклучуваат од светот во подолг временски период и во денешно време не можете да го направите тоа, бидеќи ќе се разболите. Со AR тоа го можете, не да бидете окупирани во нешто, туку тоа да биде дел од вашиот свет, од вашите разговори. Тоа има резонанца.

АР ја сметам за голема идеја како смартфонот. Паметниот телефон е за секого, не мораме да размислуваме дека iPhone не се однесува на одредена демографија, држава или вертикален пазар: тој е за секого. Мислам дека AR е толку голема, таа е огромна. Возбуден сум поради работите кои можат да се направат за да се подобрат животите. И тоа да биде забавно. Ја гледам AR како што го гледам силиконот во iPhone, тоа не е производ сам по себе, туку е јадро технологија. Но, има работи кои треба да се откријат пред технологијата да биде доволно добра за широка употреба. Мислам дека може да има многу работи кои навистина ќе им помогнат на луѓето во секојдневниот живот, вистински животни работи и поради тоа сум толку возбуден.

Некој имал и те како лош ден во Apple, бидејќи случајно успеал да испрати e-mail во кој има документи преполни со лични податоци на сите вработени. Овој e-mail отиде по грешка, преполн е со листа на резултати од претходните неколку месеци каде беа собрани, или да бидеме по прецизни низа на искуства кои ги имале вработените за време на тестирањето.

02_docs_leaking_suggest_apple_ar_glasses

После студиите на корисниците за BT4, едена корисничка укажува на непријатност во нејзиното око и дека во неколку наврати можела да види ласерски зрак за време на тестирањето. Студијата понатаму води до оптометрист и обезбедена прототип единица за анализата…. Вработената пријавува болка во нејзиното око после работа со новиот прототип кој може да биде поврзан со користење. Таа приметила дека заштитниот слој на магентата е оштетен и дека тој дел би можел да се замени.

Според информацијата на Gizmodo гласините за AR проектот на Apple може да стане реалност за една година. Сепак не можеме многу да веруваме во тоа бидејќи тимот на Тим Кук не е еден од тие што ќе пуштат нешто во јавност што не е целосно завршено, но многу добро би било доколку првиот чекор на AR технологијата да биде имплементиран во новиот iPhone кој доаѓа на есен.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.