imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Пуштена седмата iOS бета верзија


Седмата iOS 11 програмерска бета верзија е пуштена. Ово пат оваа верзија содржи навистина мали фини подесувања, како и некои промени во дизајнот и секако неколку поправени грешки. Ајде да видиме што можат да очекуваат оние кои ќе ја преземаат најновата iOS бета верзија!

iOS 11 содржи многу нови фукции како што се File Manager и Drag & Drop, multitasking интерфејс, можност за индивидуален Control Center и Dock само за iPad. Претходно пишувавме зошто треба да причекате пред да го надоградите Вашиот уред, откако за прв пат излезе бета верзијата еден во кој има објаснување како да го инсталирате овој софтвер на iPhone, а друѓиот за тоа како да се вратите назад на постарата верзија.

Едно е сигурно нетрпеливи сме и не можеме да го дочекаме пуштањето на овој оперативен систем. Сепак сеуште постојат не поправени грешки на кои Apple обрнува внимание и пуштањето на најновата iOS верзија ќе биде кога Apple ќе ја направи и последната тест верзија. Иако последната верзија не донесе никакви видливи промени во споредба на претходните сепак може да се каже дека со пуштањето на оваа верзија самиот софтвер доби по префинет изглед. Седмата бета верзија најверојатно има повеќе промени кои се под самата хауба отколку на визуелниот изглед. Во продолжение ќе ги погледнеме најочигледните промени.

● Ја имаат променето Music иконата во Control Center-от до Apple Music иконата.
● Доколку ја имате исклучено опцијата за ограничување на јачината на звукот во поставките, лентата за јачина на звук во Control Center ќе сигнализира кога се обидувате да слушате музика премногу гласно. (Белата слајд лента ќе се претвори во жолта на врвот.)
● “Now Playing” музичката графичка контрола ќе се појави во Notification Center со што ќе имате пристап кога ќе ја спуштите надолу.
● Flight mode ќе запомне дали WiFi и Bluetooth биле вклучени пред активирањето на опцијата Flight mode и ќе ги врати во првобитната состојба откако ќе ја исклучите оваа опција.
● Часовникот на екранот сега е помал.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.