imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Рециклиран iPhone во биоразградливо пакување = иднината на Apple


Како технолошка компанија, Apple посветува посебно внимание на заштитата на животната средина. Што друго може за околината да направи мултинационална компанија која е целосно зависна од обновливите извори на енергија? Дали е навистина можно да се води таква голема организација, истовремено намалувајќи го еколошкото влијание?

Со зголемената побарувачка за производи на Apple низ целиот свет, се отвори прашањето како компанијата да ги минимизира еколошките деструктивни процедури, како да ги трансформираат во подобри решенија или да ги занемарат и да бараат други алтернативи. Несомнено, ова е релевантна цел за таква технолошка компанија која има вредност од 1 трилион долари во пазарна капитализација и која заработува двојно повеќе од втората најбогата компанија во САД.

Apple има поента во ова прашање, и се обидуваат да бидат поеколошки настроен. Во последниве години, компанијата направи многу промени во бројни области. Да видиме како изгледа структурата.

1. Лидерство, развој на производи

На идејата за iPhone и претходеше децениско истражување и развој. Во текот на овие години, Apple мораше да експериментира со тони материјали и многуте процедури и планирање значеа огромна потрошувачка на енергија. Бидејќи Apple ја надмина големината на нивниот стар Apple Campus лоциран во Infinite Loop, компанијата се обиде да го донесе секој оддел под истиот покрив, а исто така беше суштинско прашање да се изберат оние програмери кои заземаа помал еколошки отпечаток за време на работата.

Затоа мораа да го преуредат планирањето и насоката во центар каде што сето ова би било можно. Во 2011 година Стив Џобс прв пат зборуваше за „вселeнскиот брод” на Apple пред градскиот совет на Купертино, а новиот кампус ги отвори вратите минатата година. Новото седиште го доби името Apple Park, бидејќи се работи за огромна зелена зона и беше потребна една и пол година за да се засади со посакуваниот растителен живот. Како што претходно тврдеше Тим Кук, тоа не беше важно само за животната средина, туку вработените исто така, се чувствуваат подобро во таква атмосфера.

Грмушки, дрвја, виолетов тревник или не, тоа троши многу електрична енергија. Беа доволно внимателни да размислуваат за тоа и го покриа врвот на Apple Park со соларни панели кои ја покриваат целата потрошувачка на енергија во центарот, така што компанијата која е дом на 12 000 вработени, работи со обновлива енергија.

2. Производство, продажба

Производите на Apple се создаваат благодарение на многуте партнери и снабдувачи, што засега дури 43 земји, но компанијата исто така има и многу поголеми центри во Европа. Apple TV и некои iMac модели се произведени во Ирска, тоа можете да го видите ова на пакетот. Apple очекува од сите свои снабдувачи, нивните фабрики да работат со обновлива енергија. Пред 2 месеца, компанијата објави дека успеала да ја искористи обновливата енергија со 100 проценти ефикасност.

Така успеаја да го достигнат ова ниво од планирање до имплементација. Се разбира, тоа исто така се однесува на продавниците, кои може да се најдат речиси во секој дел од светот. Откако Angela Ahrendts стана виш потпретседател за малопродажба на Apple, продавниците на Apple се соочиja со многу трансформации. Ова не се само внатрешни промени, туку и надворешни, бидејќи зелената плантажа и природната атмосфера го доведуваат искуството на купувачите на повисоко ниво.

3. Пакување, користење на еколошки материјали, рециклирање

Пораката и целта се јасни: кругот мора да биде затворен, нема повеќе надворешни ресурси за производство на iPhone, iPad или Mac во иднина. Тоа е навистина амбициозна цел, но откако Apple ќе одлучи нешто, тоа обично и го остварува. Lisa Jackson, потпретседател на Apple за животна средина, политика и социјални иницијативи минатата година тврдеше дека според плановите на Apple, компанијата во иднина ќе ги произведува своите производи во затворен циклус.

Тоа е прилично кул. Се разбира, дури и сега постојат многу компоненти кои се направени на претходно споменатиот начин, но да се направи секоја компонента на iPhone од рециклирани материјали, звучи како прилично зелено решение. Daisy многу помага во решавањето на овој проблем, бидејќи може да расклопува 200 iPhone уреди на час, што подоцна повторно се користат. Овие уреди припаѓаат тука, откако ќе бидат откупени од Apple или се враќаат во матичната компанија преку iPhone Green Програмата.

Apple, исто така, треба да делува за поставување на такви компоненти во нивните уреди што испуштаат помалку штетни супстанции, а тоа исто така може да се рециклира. Процесот се чини дека е позитивен, бидејќи двата најголеми производители на алуминиум во светот го информираа Apple, дека успеале да сфатат како да произведуваат алуминиум без емитување на стакленички гасови.

Apple беше најдобриот избор за нив, а според проценката до 2024 година, ширењето на оваа технологија би можело да достигне светско ниво. Само пакувањето останува сомнително, бидејќи мора да произведуваат пакети кои се естетски, но исто така и еколошки. За среќа, вообичаено не ги фрламе пакувањата на iPhone, но сепак компанијата не може да дојде до „целосна еколошка” состојба.

Повеќе од половина од пакетите се направени од рециклирани дрвени влакна, но намалувањето на нивната големина е поголемо достигнување. Во моментов, за да произведат пакување на 21,5″ iMac, потребна им е 53% помалку хартија во споредба со количината што им беше потребна порано. Големо достигнување, но се уште има простор за подобрување.

4. Интернет сервиси

Душата на целата оваа постапка се услугите, складирањето на податоци на корисниците и управување со онлајн инфраструктурата. Колку и да звучи чудно, дури ни пребарувањата на Google не се еколошки. Посебно преземањето видеа и фото албуми на Cloud. Apple работи со многу поголеми центри за податоци, меѓу кои има и фарма на сервери лоцирани во Северна Каролина, каде што се вработени околу 150 оператори. Генерално, Северна Каролина е позната по слични претпријатија и како што вели поговорката, тоа е „домот на Интернет”.

Apple немаше да биде Apple, ако не изгради огромна фарма со соларни панел до седиштето на компанијата. Се обложувам дека никогаш немаше да дознаете, но вашите iMessages, музички и Pages фајлови целосно се напојуваат со зелена енергија. Воопшто не беше евтино, чинеше околу 550 милијарди долари, бидејќи чекор по чекор скоро сите седишта почнаа да ги користат зелените решенија.

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!