imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Само некои концепти на iPhone со три камери


Кога се работи за новите iPhone уреди, од Морето на гласини на површина испливаа мноштво различни идеи. А мајсторите на концептуалната уметност не не изневерија кога се работи за визуелизацијата.

Како и секоја втора година, сега постојат многу идеи и се појавуваат вистински и лажни информации за следните iPhone уреди, чие лансирање го очекуваме во септември. Иако возбудувањето не е така огромно како што беше минатата година пред претставувањето на iPhone X, тоа не може да ги запре концептуалните уметници од илустрирање на неколкуте гласини.

Бидејќи ова вистина се илустрации. Сигурно е 100 проценти дека следниот iPhone нема да изгледа вака, но навистина е забавно да се види што би се случило кога други би го заземале местото на Jony Ive зад дизајнерското столче. Денешната ѕвезда е Muhsin M. Balaal Auckburaully, дизајнер на DBS Designing кој подготви визуелни материјали за Легендата за iPhone со три ока.

Во овој случај, iPhone би можел да има три објективи на задната страна. Двојната камера има можност за оптички зум до 2x, додека три објективи би можеле да дојдат и до 5x зум. Но, овој концепт никогаш нема да заживее.

Имавме многу претходни идеи како штои се Series 4 Apple Watch и Apple слушалки, бизарен заоблен iPhone, едноставен iPhone SE Plus (во две различни верзии), MacBook Pro без тастатура, како и iOS 12 кој се фокусира на музиката.

Извор: Cult of Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!