Можеме да се надеваме дека ако некогаш постои iPad со Face ID и помали рамки, дека ќе изгледа вака…
Вчера Kuo го потврди она на што се сомневавме подолго време – а дури и изворниот код на iOS 12 го тврдеше истото – дека оваа година iPad Pro со помали рамки околу екранот и Face ID ќе пристигне со функциите на iPhone X. Иако тоа не е најпопуларен и најбаран производ, следните фотографии би можеле да бидат многу пријатни да се видат.
Уредот кој можете да го видите подолу е изработен во идниот дизајн на сегашниот 10.5” модел кој има најмали рамки што може. Неговата верзија без рамки има 11,9-инчен екран, што е навистина убав улов. Овие концепти ги креираше Álvaro Pabesio, кој претходно сонуваше за спојувањето на iOS и macOS. Па, да ги погледнеме фотографиите!




