imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Само iPhone е доволно добар за тинејџерите


Според неодамнешното истражување спроведено на голем број испитаници, iPhone е исклучително популарен помеѓу тинејџерите. Поголем дел од нив користи исклучиво Apple уреди, а многумина имаат и Apple Watch. Секако, зборуваме за САД.

Не знам како стојат работите денес, но во мое време, во средината на 2000-те, децата ги добиваа првите мобилни на околу 12 години. Оттогап поминаа повеќе од 10 години, технологијата значајно напредуваше и стана многу поголем дел од нашето секојдневие, Денешноте деца ги добиваат своите први уреди уште со осум или девет години – ги молиме мајките и татковците да не исправат ако ова е неточен навод – а во САД дури и порано.

Распртавите за предностите и недостатоците на таквата состојба можеме да ги водиме во недоглед, но факт е дека денес постои генерација која во целост се прилагодува на животот со технологијата во многу рана возраст. Тоа е огромна предност на сите производители, па станува се поважно да се насочи маркетингот кон помладите корисници. Очигледно дека animoji не се првенствено наменети на позрелата публика.

Apple е многу успешен во обраќањето до младите корисници, иако тоа можеби и не им е намера. Имаме емотикони и сите оние блескави работи достапни за уредите на било кој производител. Тинејџерите, на пример, го преферираат Apple бидејќи го сметаат за исклучително кул. А децата исто сакаат да бидат кул. Исто така, тука се и многуте сигурносни фактори кои ги преферираат родителите.

Сите овие тези ги објаснуваат бројките прикажани во неодамнешното истражување на Piper Jaffray. Оваа аналитичка компанија спроведува две истражувања годишно за односот помеѓу тинејџерите и мобилните уреди. Очекувано, Apple заседна на сите водечки позиции.

Попрецизно, 82 проценти од тинејџерите имаат некој модел на iPhone. Уште пошокантно е што во последнотo истражување спроведено минатата есен, оваа бројка изнесуваше 78 проценти. Тоа може да значи дека неодамна лансираните уреди или се неверојатно популарни или, пак, дека пазарот се шири со неверојатна брзина, дури и ако сите очекуваа стагнација на глобално ниво. За да стекнете појасна слика, во 2014. година само 60 проценти тинејџери користеле iPhone.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!