imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Сега е официјално: Новиот Mac Pro пристигува во 2019. година


TechCrunch праша, а Apple одговори. Во име на целосна транспарентност, Mac Pro тимот одговори на сите прашаа поврзани сп навистина професионалниот Mac Pro кој беше најавен уште минатата година. Тоа е прилично редок момент…

Пред точно една година пишувавме за тоа дека по 686 дена мртва тишина Apple конечно го надгради Mac Pro. Немаше поголеми промени, само мал фејслифт. Основниот модел доби 6-јадрен Intel Xeon процесор, а двојната AMD FirePro D300 графичка картичка ја замени D500. Во повисоката категорија, 6-јадрениот процесор е заменет со 8-јадрен, a D500 GPU е надгаден на D700.

Но, овие мали промени не беа се. Apple ја напушти својата таинствена стратегија и избра транспарентност. Повикаа 5 репортери и разговараа со нив за своите идни планови. Јасно и директно. Craig Federighi го рече следното:

Како што веќе рековме неколку пати, актуелниот Mac Pro имаше термичко ограничување и тоа ни оневозможи да го надградиме. Навистина ни е жал што ги разочаравме купувачите кои ги очекуваа ажурирањата. Затоа и рековме на екипата да дизајнира нешто нови, што што ќе биде одлично за корисниците на Mac Pro кои сакаат поголеми можности за проширување и надградба во иднина.

Phill Schiller исто така испи малку серум на иднината:

Во целост одново го промислуваме Mac Pro. Работиме на него. Имаме екипа која токму сега работи на него и сакаме да го направиме за да можеме редовно да го освежуваме со новите подобрувања. Даваме се од себе ова да биде нашиот најквалитетен и најбрз десктоп систем, дизајниран за нашите професионални корисници. Како дел од изработката на новиот Mac Pro (кој по дефиниција е модуларен систем), ќе направиме и професионален екран. Ниту еден од овие производи нема да го видите оваа година, бидејќи се уште работиме на нив. Сметаме дека е многу важно да се направи нешто одлично за нашите професионални купувачи кои сакаат Mac Pro со модуларен систем, а ќе ни треба повеќе од една година да успееме во тоа.

За оние кои се навикнати на таинствените одговори на Tim Cook, овој став би можел да биде скандалозен. Но ние, како и остатокот од светот, навистина го цениме овој пристап. Меѓутоа, ова се само зборови, ќе верувам кога ќе можам да видам со свои сопствени очи. А кога ќе се случи тоа. Matthew Panzarino, новинарот на TechCrunch сметаше дека е одлична идеја повторно да ги повика лиерите на Apple на разговор.

А периодот на искреност на Apple се уште не е завршен, бидејќи беа подготвени да одговорат на сите прашања. На состанокот присуствуваа Потпретседателот на хардвер инженеринг, Tom Boger, вишиот директор на Mac хардвер маркетингот, Jud Coplan, директор на видео апликациите за маркетинг производи и Xander Soren, директор на музичките апликации за маркетинг производи.

Од самиот почеток на разговорот беше јасно дека оваа година нема да има нов Mac Pro.

Сакаме да бидеме транспарентни и отворено да комуницираме со нашата Pro заедница, поради што сакаме сите да знаат дека Mac Pro е производ за 2019. година. Тоа не е нешто што ќе се случи оваа година. Покрај транспарентноста за про корисниците на поединечна база, зад тоа стои и поголемо фискално образложение.

Исто така, им допуштија на новинарите да ѕирнат во напредокот. По минатогодишната најава, формиран е Pro Workflow тим, кој го води Ternus, а нивната работа е да ја преработат професионалната употреба. Исто така, вработија вистински, наградувани уметници и техночки стручњаци за подобро да го разберат нивниот тек на работа.

Им дадоа вистински задачи со уредот кој моментно е во фаза на развој и проучуваа како, каде и што предизвикува проблеми во текот на процесот и кои функции би требало да се преработат или редизајнираат. Овој пристап му е навистина потребен на Apple. Навистина не можам да разберам зошто не го користат на сите оддели. Но, тргнаа во вистински правец.

Тргнавме само од создавање на Mаc и софтверот до тоа всушност да создадеме тек на работа и навистина да разбираме се, секоја посебна фаза на процесот, каде се наоѓаат проблемите и каде можеме да го оптимизираме.

Очигледно, не се луди, па немавме прилика да ја видиме работата на другите оддели, како тимот задолжен за дизајн или оние кои се задолжени за внатрешните компоненти, но ги знаеме главните функции: ќе биде модуларен и ќе има врска со екранот на Apple. Прашање е што не е во ред со „кантата за ѓубре”, односно Mac Pro и зошто ова воодушевување со модуларниот модел? Во основа: концептот на моментниот модел не е добар и потребни се радикални промени.

Во теорија, Mac Pro би бил проширлив и надградлив со Thunderbolt периферните уреди. Но, тоа не успеа. А тука е и главната компонента, графичката картичка. Apple мислеше дека два послаби GPU во еден уред се иднината и кога навистина е потребна сила, тие би можеле паралелно да соработуваат. Но, индустријата се промени, а стандард е дека само еден GPU ги извршува сите пресметки.

Не го споменувавме ни дизајнот. Во уред кој е толку цврст и компактен, тешко е да се менуваат деловите. И како што призна Craig Federighi: дизајнот на „кантата за ѓубре” не беше најдобар кога е во прашање управувањето со температурата. Поради тоа, новиот модуларен дизајн би можел да биде практичен со надградениот хардвер. Заедно со новата стратегија во професионалната линија производи.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!