imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Сите годинашни iPhone уреди би можеле да пристигнат со поддршка за Face ID


Finisar, производителот на основните делови за модулот на Apple за препознавање на лицето почна да ги проширува своите капацитети. Аналитичарите сметаат дека приходите на компанијата значително ќе пораснат во втората половина на годината, затоа што сите претстојни iPhone уреди ќе имаат поддршка за Face ID.

Аналитичарот на Loup Ventures, Gene Munster, кој е познат информатор кога се работи за производите на Apple, очекува голем скок во приходите на Finisar во втората половина на 2018. година. Компанијата е главен снабдувач на деловите за Face ID: а водството на компанијата најави дека ќе ги прошири своите производни капацитети.

Компанијата се занимава со технологија која со скенирање може да одреди длабочина на било што. Тоа е она што го користи Face ID и што покрај смартфоните на Apple, ќе го користат и многу други паметни телефони во следните неколку години. Исто така, автономните системи како самовозечките автомобили би можеле да бидат пазар за оваа технологија.

Не е изненадувачки дека ги проширија своите производни капацитети за дополнителни 65.000 метри квадратни, кои се наоѓаат во Тексас. Главната причина зад тоа би можел да биде Apple и неговата великодушна “донација” од 390 милиони долари. Тоа би можело да се чини како многу, но Finisar произведува исклучителен важен дел од технологијата. Технологија која се уште е во рани фази, но би можела да биде темел за мноштво нови функции.

Овие информации исто така одговараат на зборовите на аналитичарот на KGI, Ming-Chi Kuo, кој предвиде дека во понудата на Apple ќе се појават три уреди налик на iPhone, кои ќе имаат огромна разлика во големината. Ако овие вести бидат потврдени, тоа би можело да значи крај за скенирањето на отисокот од прстот. Тоа во целост би било заменето со препознавање на лицето; а неколку други извори споменуваат дека и следните iPad Pro уреди би можеле да пристигнат опремени со Face ID технологијата.

Извор: Apple Insider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!